Информации

Пребарување

Loading

Отворена линија

02 155 22

24 ЧАСА НА ДЕН

Пријавете !!!

Mито, корупција, кражби на дрво и други злоупотреби во шума.

Галерија

Контакт

Централа: 02 2 581 080

Директор: 02 2 581 083

Факс: 02 2 581 824

komunikacii@mkdsumi.com.mk

Актуелности

21.март, Меѓународен ден на шумите

Меѓународниот ден на шумите се одбележува секоја година на 21 март . и тој ден претставува прилика да се потсетиме на важноста на шумите и нивната заштита.
За прв пат е одбележан со одлука на Генералното собрание на Обединетите нации во 2012 година, овој ден се одбележува на разни начини на глобално нивбо и во сите земји на светот со цел да ја подигне свеста за важноста на сите видови дрвја и шуми.
Темата за 2018 година беше "Шуми и одржливи градови", така што оваа година, исто така, се фокусира особено на тоа што градовите стануваат позелени, поздрави и посреќни места за живеење.

Површините под шума во светот загрижувачки се намалуваат, предупредуваат стручњаците. Овој тренд, за жал, ќе продолжи, пред се заради климатските промени и покрај глобалните напори за намалување на ефектот на стаклена градина. Шумите, покрај тоа се загрозени и од лошото управување со пожарите. Пореметувањето на режимот на водите, инсектите, глодарите, бактериите, габипчките нечистиот воздух, почвата и водата, киселите дождови и уште безброј други причини. Сознанијата за сите овие доведуваат до преземање на одредени мерки а поголема и покомплексна заштита на шумите, но за жал(или за среќа), сепак тука е најважен човекот како фактор од кој зависи иднината на шумите и на Планетата Земја.
Со активностите со кои се одбележува овој ден не се мисли само на шумите како општествено добро, туку и улогата на дрвата кои виреаат околу шумските области.
Шумите покриваат третина од копнената површина на Планетата Земја и претставуваат биолошки најразвиен еко систем во кој живеат повеќе од половина копнени видови на животни, растенија и инсекти.
Меѓународниот ден на шумите е само едно предупредување на сите кои неодговорно се однесуваат кон општото добро, шумите како природно богатство кое треба да се сочува за идните генерации. По повод на овој ден, се прават акции за подигање на свеста на најмладите за значењето на шумите за иднината на сите.
Уште далечната 1971 година, на Седница на Европската земјоделска конференција е одлучено, првиот ден на пролетта се одбележува кака Светски ден на шумите. Подоцна оваа идеја ја прифаќаат и ФАО и Обединетите нации.
Клучните пораки од 2019 година, фокусирајќи се на придобивките од шумите и одржливите градови се:
• Улогата на дрвјата во ублажувањето на влијанието на климатските промени.
• Позитивните ефекти на дрвјата врз локалната клима.
• Урбаните дрвја како воздушни филтри, отстранување на загадувачите и за создавање на градови поздрави.
• Улогата на дрвјата во намалување на загадувањето на бучавата во урбаните средини
• Позитивното влијание на урбаните зелени површини.
• Шумите во и околу урбаните области кои придонесуваат за регулирање и филтрирање на водата.
• Како урбаните шуми придонесуваат за локалните економии преку градско разубавување и туризам.
• Обезбедување обновлива енергија.

Овој ден најчесто се одбележува со симболично засадување на дрвца со најмладите со што се буди и развива еколошката свест кај најмладите генерации за големото значење на шумите.

Назад

Отчетност

Пријава за вработување

Барање

Барање

Барање

Екологија

mkdsumi

повеќе

Монографија 1998-2018

  • mkdsumi

Монографија 1998-2008

  • mkdsumi

Списание

СИЗП

  • mkdsumi

МКФФИС

  • mkdsumi

Контакт