Информации

Пребарување

Loading

Отворена линија

02 155 22

24 ЧАСА НА ДЕН

Пријавете !!!

Mито, корупција, кражби на дрво и други злоупотреби во шума.

Галерија

Контакт

Централа: 02 2 581 080

Директор: 02 2 581 083

Факс: 02 2 581 824

komunikacii@mkdsumi.com.mk

Актуелности

20 години од постоењето на ЈП Македонски шуми

Одбележан Јубилејот 20 години од постоењето на ЈП Македонски шуми

Со интегрално стопанисување со шумите е започнато со формирањето на Јавното претпријатие за стопанисување со шумите во државна сопственост на територијата на РМ – “Македонски шуми“ Скопје кое е основано со Одлука на Владата на Република Македонија, а со работа започна на 1.07.1998 година како правен следбеник на дотогаш постојните претпријатија за стопанисување со шуми.

Тоа значи дека годинава ЈП "Македонски шуми" полни 20 години. Јубилејната година од постоењето е одбележана со низа активности по повод јубилејот “ЈП Македонски шуми 1998-2018”. На 12 декември се одржа Свечена академија по повод јубилејното постоење на Македонски шуми.


На свечената академија која се одржа во хотел Континентал присуствуваа еминентни претставници од сите институции во државата, пред се од шумарството. На академијата присуствува претставници од Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство, Деканот на Шумарски факултет -Скопје, сегашни и поранешни професори на Шумарскиот факултет, градоначалници на скопски општини,поранешни директори на ЈП Македонски шуми, првиот претседател на Управен одбор, г-дин Томе Ѓорѓиев, помошници директори, раководители на подружници, вработени во ЈП Македонски шуми, пензионирани работници и останати присутни.


На Свечената академија говореа, директорот на ЈП Македонски шуми, Зоран Ѓорѓиев, првиот директор на Јавното претпријатие, Симеон Тодоров и Деканот на Шумарски факултет –Скопје, проф д-р Кирил Сотировски.
Директорот на ЈП Македонски шуми, Зоран Ѓорѓиев, во своето поздравно обраќање ги поздрави присутните и им посака добредојдовте на прославата Јубилејот 20 години од постоењето на ЈП Македонски шуми.


“Со државните шуми во Република Македонија стопанисува Јавното претпријатие за стопанисување со шуми во државна сопственост "Македонски шуми". Јавното претпријатие, аналогно на постоењето на секое друго битие, поминува низ разни и сложени периоди со бројни проблеми и противречности, кои повеќе и или помалку успешно ги решава. Така е и со стопанисувањљето со шумите.
Тоа најдобро го знаат оние кои живеат со шумата и од шумата. Знаат дека рамнотежата која е неопходна, подразбира разумно искористување на нејзините благодети и нивно правилно стопанисување. Природните ресурси на една земја претставуваат основа на развитокот и животот на нејзините жители . 


Тие претставуваат основа на животната средина, од една страна, а од друга страна, пак, тие се извор на разни суровини кои човекот ги употребува за своја егзистенција. Несомнено е значењето на шумските екосистеми за развојот на нашата држава, зашто шумите претставуваат незаменлив природен ресурс. 
Тие не се само производители на дрва, туку првенствено ја прават основата на животната средина, а покрај производството на дрво врз принцип на интегрално стопанисување со шумите и шумските подрачја, постои можност за афирмација на сите аспекти на шумската продукција, во зависност од географските, демографските и другите карактеристики и потенцијали на шумските подрачја кои овозможуваат содржаен, богат и профитабилен живот.


За да се зачува, шумата треба да се сака. A грижата за шумите, правилното насочување на стопанисувањето со шумите, нивната обнова и разумно користење, се задача на ЈП “Македонски шуми”- рече директорот Зоран Ѓорѓиев.
Првиот директор на Јавното претпријатие, Симеон Тодоров , направи кратка ретроспектива на работењето на ЈП македонски шуми, со осврт на тешките и неизвесни почетоци на работата на ЈП и неговото 20 –годишно постоење и функционирање и покрај сите препреки и предизвици. 
Деканот на Шумарски факултет –Скопје, проф д-р Кирил Сотировски ја нагласи потребата од продолжувањена долгогодишната соработка меѓу ЈП Македонски шуми и Шумарски факултет –Скопје, која и досега е на високо ниво, се во интерес на развојот на шумарството и институционалното решавање на предизвиците кои ги диктира грижата за шумите и шумарството во Р. Македонија.


По повод јубилејот ЈП ја издаде Монографијата“ЈП Македонски шуми 1998-2018”, која на свеченоста беше промовирана од авторот и уредник на Монографијата, Соња Никчевиќ, која укажа на важноста на Монографијата како капитално дело кое сведочи за работата на ЈП Македонски шуми, во текот на изминатите 20 години, документ кој останува на идните поколенија.


На присутните званици , директорот Зоран Ѓорѓиев им додели Плакети и Благодарници за долгогодишна и успешна соработка.
Програмата беше збогатена со настап на фолклорна група, свеченоста заврши со свечен коктел, на кој присутните имаа можност да разменат искуства стекнати во долгогодишната работа во шумарството.


Целта на оваа свеченост беше потсетување на сите успеси и предизвици со кои се соочувало јавното претпријатие во изминатиот период, и одбележување на 20-годишниот јубилеј со гордост и покрај сите препреки на кои низ годините наидувало ЈП Македонски шуми.

Назад

Отчетност

Барање

Барање

Барање

Екологија

mkdsumi

повеќе

Монографија 1998-2018

  • mkdsumi

Монографија 1998-2008

  • mkdsumi

Списание

СИЗП

  • mkdsumi

МКФФИС

  • mkdsumi

Контакт