И З В Е С Т У В А Њ Е
за ограничување на собирањето и откупот на плодови
на модра смрека (JUNIPERIS COMMUNIS) во 2018 година
Согледувајќи ја состојбата на предвремено собирање и откуп на несозреани плодови од модра смрека на теренот, а по барање на регистрираните откупни фирми, ЈП “Македонски шуми“ донесе Решение бр. 12- 26/204 од 31 Јули 2018 со кое го ограничува времето за собирање и откуп на модра смрека во 2018 година. Собирањето и откупот се одредува да започне на 15-ти Август 2018 година. Пред овој датум забрането е собирање и откуп на плодови модра смрека и секој кој ја прекршува оваа забрана ќе биде предмет на контрола и инспекција на овластените контролни органи според важечките законски одредби.
Собирањето и откупот на плодовите модра смрека ќе биде директно под контрола на овластените контролни органи кои може да ги одземат собирачките дозволи од физички лица - собирачи, доколку собираат пред 15-ти Август 2017 година, или утврдат неправилности при собирањето и евидентни штети на популацијата модра смрека (откорнување на цели стебла, сечење гранки, оголување на стебла, собирање незрели плодови и друго). Забрана за откуп ќе биде изречена и на правните лица – фирми ако откупуваат плодови модра смрека пред 15-ти Август 2018 година, откупуваат незрели плодови, употребуваат несоодветна амбалажа и садови, и нехигиенско чување и складирање на плодовите во откупните пунктови.
Воедно собирањето може да се ограничи и забрани, доколку собирачите предизвикуваат штети на животната средина расфрлајки отпадоци, сечејки гранки и стебла од шумата и палејки отворен оган на местото на собирање.
Пријавите за прекршителите на ова ограничување на собирањето и откупот на плодови модра смрека може да се достават до Подружниците на ЈП Македонски шуми, за да се превземат соодветни законски мерки против нив.
ЈП “МАКЕДОНСКИ ШУМИ“ Скопје
Назад