Запознавање на најновите технологии во производството на надоградбите на механизацијата во доменот на шумарството
На покана на Палфингер Кран ПК ДОО Ријека, генералниот директор на ЈП Македонски шуми, Зоран Ѓорѓиев и претседателот на Управен Одбор на ЈП Македонски шуми, Милутин Ристески, присуствуваа на состанок со Директорот Андреј Рустја и Раководителката на секторот за продажба и маркетинг Наташа Раковиќ Рустја.
Посетата беше со цел запознавање на најновите технологии кои Палфингер кран ги применува во производството на надоградбите на механизацијата во доменот на шумарството. Палфингер е светски лидер во производство на надоградби на тешки товарни возила од сите видови. Палфингер Кран ПК ДОО Ријека http://www.pk-rijeka.hr/ е овластен застапник на светскиот производител Палфингер https://www.palfinger.com/ за Хрватска, БиХ, Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија. Овие технологии своето место веќе го имаат во шумарствата во регионот (Хрватска, Србија, Словенија).
“Современите текови во производството, налагаат потреба од примена на најнови и најприменливи технологии во производството, а сите ние сме свесни за застаренета и непродуктивна технологија во ЈП Македонски шуми, која создава огромни проблеми и големи непредвидени расходи за нејзино одржување. Токму затоа одговоривме на поканата на овој реномиран производител и се надеваме дека, во догледно време ќе успееме да го обновиме возниот парк со нова механизација”- изјави ген. директор Зоран Ѓорѓиев.
Назад