АКЦИЈА НА ЈП Македонски шуми, ПШС Караџица и на припадници на СВР-Скопје
УСПЕШНА АКЦИЈА НА ЈП Македонски шуми, ПШС Караџица и на припадници на СВР-Скопје, на заплена на бесправно посечени и складирани дрва
ЈП Македонски шуми, ПШС Караџица, со целата екипа на шумочувари со директорот на ПШС Караџица шум.инж .Саша Јовановиќ, техничкиот директор, Шумска полиција и на припадници на екипи на СВР-Скопје, во периодот од 05.01 од 16 часот, па се до 10 часот на 06.01.2018 учествуваа во акцијата за заплена на бесправно посечени и складирани дрва во импровизирано стовариште во местото Стрхојадица, општина Зелениково.
Акцијата, координирана од ген. дир. На ЈПМШ Зоран Ѓорѓиев и директорот на ПШС Караџица Саша јовановиќ, на чија територија се случуваше настанот, траеше долго време, но со помош на Шумска полиција и на припадници на екипи на СВР-Скопје, беше успешно завршена со заплена на 60 м кубни огревно дрво.
Постојат индиции за сторителите на кривичното дело, бесправна сеча и присвојување на бесправно посечена дрвна маса, кои и се познати на полицијата(но сеуште не може да се објават имињата на сторителите).
Оваа акција нема да биде единствена. Соработката меѓу надлежните инстуции и понатаму продолжува со засилено темпо, зашто количината на бесправно посечени дрва достигнува дури до 1/3 од вкупната годишна сеча на ЈП Македонски шуми, на цела територија на Р. Македонија.
Назад