Информации

Отворена линија

02 155 22

24 ЧАСА НА ДЕН

Пријавете !!!

Mито, корупција, кражби на дрво и други злоупотреби во шума.

Галерија

Контакт

Централа: 02 2 581 080

Директор: 02 2 581 083

Факс: 02 2 581 824

komunikacii@mkdsumi.com.mk

Актуелности

И З В Е С Т У В А Њ Е

за ограничување на собирањето и откупот на плодови

на боровинка (VACCINIUM MYRTILLUS) во 2017 година

ЈП “Македонски шуми“ со Решение бр. 12- 26/170 од 07 Јули 2017 година го ограничува времето за собирање и откуп на боровинка во 2016 година.  Собирањето и откупот се одредува да започне на 1-ви Агуст 2017 година. Пред овој датум забрането е собирање и откуп на боровинка и ова дејствие ќе биде предмет на контрола и инспекција на овластените контролни органи според важечките законски одредби.

Собирањето може да го вршат само регистрирани собирачи кои имаат годишни „Годишни дозволи за собирање на други шумски производи за 2016 година“ издадени од Подружниците на ЈП Македонски шуми низ Република Македонија, и кои боровинката ја предаваат во откупни пунктови на регистрирани откупувачи – правни лица кои имаат “Договор за преостапување на собирање и откупот на други шумски производи преку откупни пунктови со надоместок“ со ЈП “Македонски шуми“.

Собирањето и откупот на боровинката ќе биде директно под контрола   на овластените органи кои може да ги одземат собирачките дозволи од физички лица - собирачи, доколку собираат пред 1-ви Агуст 2017 година, или утврдат неправилности при собирањето и евидентни штети на популацијата боровинки од несоодветните начини на собирање (откорнување на цели билки, сечење гранки, оголување на стебла, собирање незрели плодови и друго), или забранат откуп на правните лица – фирми ако откупуваат боровинка пред 1-ви Агуст 2017 година, откупуваат незрели боровинки, употребуваат несоодветна амбалажа и садови, отворен транспорт и чување и складирање на боровинката без ладење во откупните пунктови.

Воедно собирањето може да се ограничи и забрани, доколку собирачите предизвикуваат штети на животната средина расфрлајки отпадоци, сечејки гранки и стебла од шумата и палејки отворен оган на местото на собирање.

            Пријавите за прекршителите на ова ограничување на собирањето и откупот може да се достават до Подружниците на ЈП Македонски шуми, за да се превземат соодветни законски мерки против нив.

ЈП “МАКЕДОНСКИ ШУМИ“ Скопје 

Назад

Барање

Отчетност

Барање

Барање

Барање

МЖСПП

  • mkdsumi

Екологија

mkdsumi

повеќе

Монографија 1998-2018

  • mkdsumi

Монографија 1998-2008

  • mkdsumi

Списание

МКФФИС

  • mkdsumi

Контакт