За Нас
Основни податоци за ЈП "Национални Шуми"
Основање
Јавното претпријатие за стопанисување со шумите во државна сопственост на територијата на Р.С. Македонија "Национални Шуми"п.о.-Скопје е основано со Одлука на Владата на РМ бр. 3028/1 од 15.12.1997 г.
(Сл.Весник на РМ бр. 65/97), а започна со работа на 01.07.1998 г. како правен следбеник на дотогаш постојните претпријатија за стопанисување со шуми.
Регистрација
Претпријатето е регистрирано во Основен суд – Скопје според Решението Трег.бр. 666/98 од 24.03.1998г. и број на регистарска влошка 7-02001896-000-09.
Врз основа на Заклучок од 123-тата седница на Владата на РС Македонија, бр.45-1656/1 и 45-1658/1 од 25.02.2019 година, ЈП „Македонски шуми, започна постапка за промена на Статутот на јавното претпријатие,
за што Управниот одбор на ЈП донесе Статутарна одлука за измена на Статутот бр.02-254/2 од 14.03.2019година, со која се менува називот на јавното претпријатие за стопанисување со шумите во државна сопственост „Македонски шуми“,
во ЈП „Национални шуми“.
Статутарните промени се усвоени со Одлука на Владата на РС Македонија од 09.04.2019 год., врз основа на што е донесено Решение од Центрaлниот регистар на РС Македонија од 24.04.2019 година,
од кога важи употребата на називот ЈП „Национални шуми“ на сите нивоа.
Шифра на дејноста
0201
Даночен број
4030998338949
Полно име на претпријатието
Јавно претпријатие за стопанисување со државни шуми "Национални шуми" со потполна одговорност
Кратко име на претпријатието
ЈП "Национални шуми"п.о.-Скопје
Седиште
Ул.Булевар“Св.Климент Охридски“ Бр.68 Скопје-Центар
За Нас
ОСНОВНИ ПОДАТОЦИ ЗА ЈП “НАЦИОНАЛНИ ШУМИ“
1. Основање и регистрација
Јавното претпријатие за стопанисување со шумите во државна сопственост на територијата на РМ – “Македонски шуми“ п.о.-Скопје е основано со Одлука на Владата на РМ бр.3028/1 од 15.12.1997г.
(Сл.Весник на РМ бр.65/97), а започна со работа на 1.07.1998 г. како правен следбеник на дотогаш постојните претпријатија за стопанисување со шуми.
Претпријатето е регистрирано во Основен суд – Скопје според Решението Трег.бр. 666/98 од 24.03.1998г. и број на регистарска влошка 7-02001896-000-09.
Врз основа на Заклучок од 123-тата седница на Владата на РС Македонија, бр.45-1656/1 и 45-1658/1 од 25.02.2019 година, ЈП „Македонски шуми, започна постапка за промена на Статутот на јавното претпријатие,
за што Управниот одбор на ЈП донесе Статутарна одлука за измена на Статутот бр.02-254/2 од 14.03.2019година, со која се менува називот на јавното претпријатие за стопанисување со шумите во државна сопственост „Македонски шуми“,
во ЈП „Национални шуми“.
Статутарните промени се усвоени со Одлука на Владата на РС Македонија од 09.04.2019 год., врз основа на што е донесено Решение од Центрaлниот регистар на РС Македонија од 24.04.2019 година,
од кога важи употребата на називот ЈП „Национални шуми“ на сите нивоа.
- Шифра на дејноста . . . . . . . 02.01
- Даночен број . . . . . . . . . . . . 4030998338949
2. Д е ј н о с т
Имајки предвид дека шумите се природно добро од општ интерес, а стопанисувањето со шумите е дејност од јавен интерес, со Законот за шуми утврдени се основните дејности, а тоа се:
- Стопанисување со шумите во државна сопственост, во што спаѓа одгледување, заштита и користење на шумите, со чие извршување претпријатието треба да обезбеди трајно зачувување и зголемување на вредноста на шумите,
како и постојано зголемување на нивниот прираст и на нивните општокорисни функции.
- Претпријатието врши и други дејности, кои се во врска со основните дејности, а придонесуваат за подобро искористување на капацитетите на претпријатието. Такви дејности се: лов, одгледување на дивеч, собирање и
доработка на други шумски производи, ловен туризам и др.
3. К а п а ц и т е т и
a. Шуми и шумски фонд – површината под државни шуми со кои стопанисува ЈП изнесува 859.427 ха или 90% од вкупната површина под шума во РСМ (остатокот се приватни шуми). Од нив 25% се високостеблени шуми, а 75% се
нискостеблени. Бруто можниот годишен етат изнесува околу 1.200.000 м3, а вкупниот годишен прираст околу 1.800.000 м3.
б. Шумски патишта – Изградени патишта во шума кои се наменети за превоз на шумски производи, се сметаат за шумски патишта и ги користат субјектите кои стопанисуваат со шумите. Оптималната отвореност на шумите
со патишта се утврдува со општиот план и посебните планови. Отвореноста на шумите во просек изнесува 10,05 м/ха.
в. Расадници – ЈП располага со расадници за производство на шумски и декоративен саден материјал на вкупна бруто површина од 36,62 ха, или искористена површина од 22,00 ха со капацитет од 15.000.000 броја на садници.
г. Ловишта – Претпријатието располага со четири ловишта од кои две се државни ловиште ( “Лешница“ – Тетово и “Полаки“ - Кочани) и две ловишта под концесија и тоа : “Милисин“-Гевгелија и “Честово“-Валандово.
Вкупната површина под ловишта со кои располага претпријатието изнесува 42.730 ха, од што на ловишта за крупен дивеч отпаѓаат 35.730 ха, а на ловишта за ситен дивеч - 7000 ха.
д. Хидродестилара – Капацитетот на погонот за хидродестилација кој се наоѓа во подружницата “Малешево“-Берово, според техничко-технолошките можности, се движи од 7.000-10.000 кгр. етерични масла, во зависност од
суровината која се преработува.
4. Организациона поставеност
Јавното претпријатие “Национални шуми“ е организирано така што дејноста заради која е основано, да ја врши на начин со кој се обезбедува:
- Техничко-технолошко и економско единство;
- Ефикасност во работењето;
- Заштита и унапредување на добрата од општ интерес;
- Развој и усогласеност на сопствениот развој со вкупниот стопански развој.
Заради успешно остварување на овие цели, јавното претпријатие е организира во:
- Д и р е к ц и ј а и
- 30 П о д р у ж н и ц и.
За обезбедување на потребната координација во остварувањето на дејностите на Претпријатието, работењето во Дирекцијата се извршува преку 9 (девет) сектори, со кои раководат Помошници на Директорот, а тоа се:
- Сектор за уредување на шуми и ловишта и проектирање;
- Сектор за план и анализа, инвестиции и развој, информатички и комуникациски технологии;
- Сектор за шумарство;
- Сектор за одгледување, подигање, екологија и лов;
- Сектор за управување со шумско земјиште, шумска инфраструктура и механизација;
- Сектор за заштита на шумите, надзор и внатрешна контрола;
- Сектор за комерцијални работи;
- Сектор за економско-финансиски работи;
- Сектор за правни, општи работи и човечки ресурси;
ЈП “Национални шуми“ во својот состав има 30 (триесет) подружници, со кои раководат Раководители.
5. Органи на управување и раководење
Органите на управување се:
- УПРАВЕН ОДБОР;
- ОДБОР ЗА МАТЕРИЈАЛНО-ФИНАНСИСКО РАБОТЕЊЕ И
- ДИРЕКТОР
Организациона шема
За Нас
Акти
- Закон за шумите
- Закон за шумите - неофицијален пречистен текст
- Колективен договор - измени и дополнување 03.09.2014 година
- Колективен договор - измени и дополнување 26.08.2019 година
- Колективен договор - измени и дополнување 19.08.2022
- Колективен договор - со сите измени и дополнувања
- Извештај за работењето за 2015 година
- Годишен извештај по годишна сметка за 2015
- Ревизорски извештај 2015 ЈП Македонски шуми п.о.-Скопје
- Извештај за работењето за 2016 год
- Годишен извештај по годишна сметка за 2016 год.
- Ревизорски извештај 2016 на ЈП Македонски шуми Скопје
- Правилник за систематизација на работни места при ЈП Македонски шуми - Скопје
- ЗАВРШНА СМЕТКА ЈП МАКЕДОНСКИ ШУМИ 2017
- Годишен извештај за 2017 год
- Извештај за работењето за 2017 год
- Ревизорски извештај за 2017 год ЈП Македонски шуми п.о. Скопје
- Извештај на овластениот државен ревизор
- Тримесечен финансиски извештај за работењето на ЈП за период 04-06м 2018г.
- Тримесечен финансиски извештај за работењето на ЈП за период 07-09м 2018г.
- Тримесечен финансиски извештај за работењето на ЈП за период 10-12м 2018г.
- Извештај за работењето за 2018 год
- Ревизорски извештај за 2018 год ЈП Национални шуми п.о.Скопје
- Годишна завршна сметка на ЈП за 2018 год
- Тримесечен финансиски извештај за работењето на ЈП за период 01-03м 2019г.
- Тримесечен финансиски извештај за работењето на ЈП за период 04-06м 2019г.
- Тримесечен финансиски извештај за работењето на ЈП за период 07-09м 2019г.
- Тримесечен финансиски извештај за работењето на ЈП за период 10-12м 2019г.
- Извештај за работењето за 2019 год
- Ревизорски извештај за 2019 год ЈП Национални шуми п.о.Скопје
- Годишна завршна сметка на ЈП за 2019 год
- Тримесечен финансиски извештај за работењето на ЈП за период 01-03м 2020г.
- Тримесечен финансиски извештај за работењето на ЈП за период 04-06м 2020г.
- Тримесечен финансиски извештај за работењето на ЈП за период 07-09м 2020г.
- Тримесечен финансиски извештај за работењето на ЈП за период 10-12м 2020г.
- Извештај за работењето за 2020
- Ревизорски извештај за 2020 год ЈП Национални шуми п.о.Скопје
- Годишна завршна сметка на ЈП за 2020 год
Кодекс за административни службеници oбјавен на ден 24.01.2020г. согласно Заклучок од нацрт-записникот од четвртата седница на Владата на РС Македонија од 21.01.2020г.
- Кодекс за административни службеници
Согласно член 36 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (сл. весник на РСМ бр.101/2019)
- Годишен извештај за 2020год. за информации од јавен карактер
- Тримесечен финансиски извештај за работењето на ЈП за период 01-03м 2021г.
- Тримесечен финансиски извештај за работењето на ЈП за период 04-06м 2021г.
- Тримесечен финансиски извештај за работењето на ЈП за период 07-09м 2021г.
- Тримесечен финансиски извештај за работењето на ЈП за период 10-12м 2021г.
- Извештај за работењето за 2021
- Ревизорски извештај за 2021 год ЈП Национални шуми п.о.Скопје
- Годишна завршна сметка на ЈП за 2021 год
- Тримесечен финансиски извештај за работењето на ЈП за период 01-03м 2022г.
- Тримесечен финансиски извештај за работењето на ЈП за период 04-06м 2022г.
- Тримесечен финансиски извештај за работењето на ЈП за период 07-09м 2022г.
- Тримесечен финансиски извештај за работењето на ЈП за период 10-12м 2022г.
- Извештај за работењето за 2022
- Ревизорски извештај за 2022 год ЈП Национални шуми п.о.Скопје
- Годишна завршна сметка на ЈП за 2022 год
- Тримесечен финансиски извештај за работењето на ЈП за период 01-03м 2023г.
- Тримесечен финансиски извештај за работењето на ЈП за период 04-06м 2023г.
- Тримесечен финансиски извештај за работењето на ЈП за период 07-09м 2023г.
- Тримесечен финансиски извештај за работењето на ЈП за период 10-12м 2023г.
- Спогодба со Синдикат
- Годишен план за проценка на ризици од корупција за 2023 година
- Извештај за работењето за 2023
- Тримесечен финансиски извештај за работењето на ЈП за период 01-03м 2024г.
- Тримесечен финансиски извештај за работењето на ЈП за период 04-06м 2024г.
- Тримесечен финансиски извештај за работењето на ЈП за период 07-09м 2024г.
- Извештај од ДЗР за Пожари
За Нас
Раководство
Директор на ЈП “Национални шуми”
ПРОФ. Д-Р Здравко Трајанов
e-mail: zdravko.trajanov@mkdsumi.com.mk
БИОГРАФИЈА
Проф.д-р Здравко Трајанов е роден во Радовиш на 07.05.1974 година. Основно образование и гимназија завршува во Радовиш со континуиран одличен успех.
Во 1994 година се запишува на УКИМ Шумарски факултет во Скопје, студиите ги завршува во 1997 година со просечен успех девет. Во 1997 година се запишува на постдипломски студии од областа Уредување на шумите на Шумарски факултет во Скопје, постдипломските студиите ги завршува во 2003 година со просечен успех 9,83. Магистрира на тема “Производност и продуктивност на вештачки подигнатите насади од црн бор на планината Плачковица”. Во 2003 година се запишува на докторски студии во УКИМ Шумарски факултет-Скопје од областа на шумарски техники и операции (шумски транспорт), докторските студии ги завршува на 06.11.2008 година со одбраната на докторска дисертација под наслов “Модели на оптимални решенија на шумскиот транспорт во зависност од видот на сечата”.
Својата професионална кариера ја започнува во 2002 година како помлад асистент на УКИМ Шумарски факултет во Скопје. За доцент на УКИМ Шумарски факултет во Скопје е избран во 2009 година, за вонреден професор е избран во 2013 година. Од 2018 до денес е редовен професор на УКИМ Шумарски факултет во Скопје, на областа Искористување на шумите, Механизација во шумарството и други. На факултетот ги држи предметите: Шумски транспорт, Отворање на шумите, Вовед во градежништво, Парковски инфраструктурни објекти и Влијание на активностите врз животната средина. Во 2013 година е избран за продекан на Шумарскиот факултет во Скопје. Покрај работата на факултетот има извршувано повеќе општествени и стручни функции: член на бордот на директори на ШИК Плачковица – Радовиш, Надворешен советник во ЈП Македонски шуми, учесник во работната група за трансформација на ЈП Македонски шуми, има завршено обука за проценител (покровител Владата на Велика Британија), активен е како вешто лице од областа на шумарството и друго.
Проф. д-р Здравко Трајанов има забележителни резултати во научно истражувачката работа. Автор е на повеќе од 100 научни и апликативни трудови од областа на шумарството, објавени во реномирани списанија во земјата и странство. Има учествувано на многу домашни и меѓународни научни: семинари, симпозиуми, конференции од областа на шумарството.
Проф.д-р Здравко Трајанов во периодот од 2013 до 2017 година е советник во Општина Радовиш од редовите на ВМРО ДПМНЕ.
Од 2020 до 2024 година е пратеник во Собранието на Македонија, од редовите на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ. Член е во повеќе работни тела и комисии: Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство – член, Комисија за образование, наука и спорт – член, Комисија за економски прашања – член, Комисија за локална самоуправа - заменик член, Национален совет за евроинтеграции – заменик член.
Учесник во повеќе Парламентарни групи: Пратеничка група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентите на: Република Казахстан, Киргистанска Република, Република Таџикистан, Република Узбекистан и Туркменистан – член, Пратеничка група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Република Косово, Пратеничка група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Словачката Република и Пратеничка група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Украина.
Со Одлука на Управниот одбор Бр.02-330/4 од 05.07.2024 година е именуван за вршител на должност Директор на Јавното претпријатие за стопанисување со шумите во државна сопственост на територијата на РСМакедонија - Национални шуми п.о. - Скопје