Информации

Отворена линија

02 155 22

24 ЧАСА НА ДЕН

Пријавете !!!

Mито, корупција, кражби на дрво и други злоупотреби во шума.

Галерија

Контакт

Централа: 02 2 581 080

Директор: 02 2 581 083

Факс: 02 2 581 824

komunikacii@mkdsumi.com.mk

Огласи

ЈАВЕН ОГЛАС бр. 05/2025

mkd shumi
Врз основа на член 20-г од Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/14, 199/14, 27/16, 35/18 и 198/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 143/19 и 14/20), член 37 – и  став 1, 2, 3 и 4 од Законот за јавните претпријатија („Службен весник на Република Македонија” бр. 38/96, 9/97, 6/02, 40/03, 49/06, 22/07, 83/09, 97/10, 6/12, 119/13, 41/14, 138/14, 25/15, 61/15, 39/16, 64/18 и 35/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 275/19, 89/22, 274/22 и 208/24),  и член 23 став 2 од Законот за работни односи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16, 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 110/19, 267/20, 151/21, 288/21, 111/23, 39/25, 74/25 и 124/25), Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми „Национални шуми“ – п.о. Скопје, објавува
ЈАВЕН ОГЛАС бр. 05/2025
за засновање на работен однос на неопределено време за 17 (седумнаесет) лица 
За следните работни места распоредени по Подружниците во претпријатието:
 
1. Референт за користење на шуми и дотур, КДР0305Б01020, Подружница ШС Осогово – Крива Паланка - 1 (еден) извршител
2. Референт за користење на шуми и дотур, КДР0305Б01020, Подружница ШС Бабуна - Велес - 1 (еден) извршител
3. Референт за користење на шуми и дотур, КДР0305Б01020, Подружница ШС Кајмакчалан - Битола - 2 (два) извршители
4. Референт за користење на шуми и дотур, КДР0305Б01020, Подружница ШС Бигла – Демир Хисар - 1 (еден) извршител
5. Референт за користење на шуми и дотур, КДР0305Б01020, Подружница ШС Преспа дрво - Ресен - 2 (два) извршители
6. Референт за користење на шуми и дотур, КДР0305Б01020, Подружница ШС Сандански – Македонски Брод - 1 (еден) извршител
7. Референт за користење на шуми и дотур, КДР0305Б01020, Подружница ШС Караџица - Скопје - 1 (еден) извршители
8. Референт за сеча и дотур, КДР0305Б02117, Подружница ШС Плачковица Радовиш - 1 (еден) извршител
9. Референт за сеча и дотур КДР0305Б02117, Подружница ШС „Бор“ – Кавадарци - 1 (еден) извршител
10. Референт за сеча и дотур КДР0305Б02117, Подружница ШС „Кајмакчалан“ – Битола - 1 (еден) извршител
11. Референт за сеча и дотур КДР0305Б02117, Подружница ШС „Караџица“ – Скопје - 1 (еден) извршител
12. Ракувач со градежна машина, КДР0305В02038 Подружница ШС „Саланџак“ – Валандово - 1 (еден) извршител
13. Ракувач со градежна машина, КДР0305В02038 Подружница ШС „Кожув“ – Гевгелија - 1 (еден) извршител
14. Контролор на рампа, КДР0305Б02011, Подружница ШС „Беласица“ – Струмица - 1 (еден) извршител
15. Референт за расадничко и семе производство, КДР0305Б01024, Подружница ШС Лопушник - Кичево - 1 (еден) извршител
Општи услови:
- Да е државјанин на Република Северна Македонија;
- Да е полнолетен, 
- Активно да го користи македонскиот јазик,  
- да има општа здравствена способност за работното место;
- Со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност;
 
Посебни услови:
- За работно место Референт за користење на шуми и дотур 
Стручни квалификации: ВСС - Шумарство и хортикултура - шумарство
Работно искуство: три години работно искуство во струката 
основна нето плата во износ од 29.350,оо денари;
- За работно место Референт за сеча и дотур 
Стручни квалификации: стекното најмалку IV ниво на квалификации, четири годишно средно образование – Шумарски техничар, 
Работно искуство: две години работно искуство во струката 
основна нето плата во износ од 25.010,оо денари;
- За работно место Ракувач со градежна машина 
Стручни квалификации: основно образование,
Посебен услов: возачка дозвола и лиценца
Работно искуство: со или без работно искуство во струката;
основна нето плата во износ од 24.379,оо денари;
- За работно место Контролор на рампа 
Стручни квалификации: стекното најмалку IV ниво на квалификации, четири годишно средно образование, 
Работно искуство: две години работно искуство во струката
основна нето плата во износ од 24.379,оо денари;
- За работно место Референт за расадничко и семе производство
Стручни квалификации: ВСС - Шумарство и хортикултура, Наука за земјиштето и        хидрологија, Растително производство, 
Работно искуство: три години работно искуство во струката 
основна нето плата во износ од 29.350,оо денари;
 
Неделно работно време за ове работни места изнесува 40 часа, распоредено во 5 (пет) работни дена од понеделник до петок, од 07 - 15 часот. 
Кон пријавата кандидатите треба да ја достават во оригинал или заверена на нотар следната докуменација:
- Пријава со наведено работно место за кое се пријавуваат
- CV – кратка биографија
- Уверение за државјанство, не постарo од 12 месеци
- Доказ за завршено образование 
- Доказ за работно искуство- (документ од АВРМ)
- Лекарско уверение за општа здравствена способност не постарo од 12 месеци(трудова медицина)
- Доказ дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност, не постаро од 6 месеци
- Доказ за посебен услов за работно место-ракувач со градежна машина
Пријавите со потребната документација да се достават до ЈП „Национални шуми” – Скопје на ул.”Св.Климент Охридски” бр. 68 – 1000 Скопје.
Огласот трае 15  дена сметано од денот на објавување, односно најдоцна до 12.01.2026 година, а изборот ќе се изврши согласно законски пропишаните рокови.
Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана. 
Назад

Барање

Отчетност

Барање

Барање

Барање

МЖСПП

  • mkdsumi

Екологија

mkdsumi

повеќе

Монографија 1998-2018

  • mkdsumi

Монографија 1998-2008

  • mkdsumi

Списание

МКФФИС

  • mkdsumi

Контакт