Информации

Отворена линија

02 155 22

24 ЧАСА НА ДЕН

Пријавете !!!

Mито, корупција, кражби на дрво и други злоупотреби во шума.

Галерија

Контакт

Централа: 02 2 581 080

Директор: 02 2 581 083

Факс: 02 2 581 824

komunikacii@mkdsumi.com.mk

Огласи

ОБЈАВА бр. 01/2023 ЗА ПРОДАЖБА НА ДЕЛОВНИ ПРОСТОРИИ по пат на електронско наддавање

mkd shumi

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Согласно член 5 и 6 од Законот за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија„  бр.13/13, 69/13, 27/14, 42/14, 178/14, 180/14, 51/15, 61/15, 129/15, 6/16, 106/16, 21/18 и„Службен весник на Република Северна Македонија„  бр. 98/19), Одлука за продажба на деловен простор во сопственост на ЈП Национални шуми-Скопје бр.41-8626/12 од 14.11.2023 година (Сл.Весник на Р.С.Македонија бр.243/23 и Одлука за продажба на деловен простор во сопственост на ЈП Национални шуми-Скопје бр.41-6881/13 од 28.11.2023 година (Сл.Весник на Р.С.Македонија бр.256/23 донесени од страна на Владата на Република Северна Македонија,  и член 35 од Статутот на ЈП Национални шуми – Скопје,  Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми  “Национални шуми” – Скопје објавува

ОБЈАВА  бр. 01/2023

ЗА  ПРОДАЖБА НА ДЕЛОВНИ ПРОСТОРИИ

по пат на електронско наддавање

1.ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

Предмет на електронското јавно наддавање Е ПРОДАЖБА НА ДЕЛОВНИ ПРОСТОРИИ – (по прв пат),   кој се во сопственост на ЈП “Национални шуми”п.о  – Скопје. 

2. ПОДАТОЦИ ЗА  НЕДВИЖНИТЕ СТАВАРИ КОИ СЕ  ПРОДАВААТ

З. ПРАВО НА УЧЕСТВО

1.Физички лица: државјани на Република Северна Македонија, државјани на држави членки на Европската унија и на ОЕЦД, како и државјани на држави кои не се членки на Европската унија и на ОЕЦД а под услови на реципроцитет можат да стекнат право на сопственост на деловен простор на територијата на Република Северна Македонија.

2.Правни лица: домашно правно лице, правно лице во мешовита сопственост, правно лице основано од странско физичко и правно лице, регистрирани во Централен регистер на Република Северна Македонија, странски правни лица резиденти на држави членки на европската унија и на ОЕЦД, како и странски правни лица резиденти на држави кои не се членки на европската унија и на ОЕЦД а кои под услови на реципроцитет можат да стекнат право на сопственост на деловен простор на територијата на Република Северна Македонија.

Деловните простории се продаваат во видена состојба.

Продавањето на деловните простории се врши по пат на електронско јавно наддавање.      

4. УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ:

Заинтересираните физички и правни лица поднесуваат  Пријава за учество на јавното наддавање, која се поднесува по електронски пат за секој деловен простор , и треба да ги содржи сите податоци и докази, согласно условите од Огласот, со следните прилози:

1.            Пријава пополнета и потпишана лично од подносителот во која се наведен генералиите на понудувачот (име, презиме, точна адреса, кои документи се поднесуваат кон пријавата), согласно условите од Огласот;

2.            Банкарска гаранција за сериозност на понудата за учество на јавното наддавање во износ од----------(25% од проценета вредност) со рок на важност од 60 дена од денот на јавното наддавање ----(да се наведе реден број од табеларниот преглед и адреса каде се наоѓа деловниот објект). Банкарската гаранција за сериозност на понудата за учество на јавното наддавање му се враќа на подносителот на пријавата во рок од 15 дена од денот на одржување на јавно надавање, а банкарската гаранција на најповолниот понудувач му се враќа во рок од 15 дена од денот на уплатата на вкупната сума постигната на јавното наддавање.

3.            За правните лица доказ за регистрација на правното лице од соодветен регистар  (доколку се работи за странски понудувач да се достави соодветен документ каде што понудувачот е регистриран издаден од надлежен орган или изјава на нотар заверена кај надлежен орган-со превод)

4.            Изјава заверена на НОТАР дека по било кој основ нема неплатени доспеани обврски спрема ЈП Национални шуми – Скопје

5.            Изјава на економски оператор дека во последните 5 години не му е изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама и перење пари

6.            Потврда дека не е отворена постапка за стечај или ликвидација, не постара од 6 месеци

7.            Доказ дека се платени сите давачки кон државата – доказ потврда од Управа за јавни приходи, не постара од 6 месеци

8.            Уверение дека со правосилна пресуда не му е изречена мерка на безбедност забрана на вршење на  дејност, не постара од 6 месеци

9.            Потврда од Регистарот на казни дека не е впишана споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за воспоставување јавно-приватно партнрство, не постара од 6 месеци

10.         Доказ за идентитет:

•              За физичките лица уверение за државјанство, во оригинал или копија заверена на нотар, не постаро од 6 месеци;

•              за правните лица тековна состојба од Централен регистар на Република Македонија, не постаро од 6 месеци;

11.         е-маил адреса на подносителот на пријавата, преку која ќе се врши постапката на регистрирање за учество на електронското јавно наддавање, односно ќе му бидат испратени  корисничко име и шифра за пристап на интернет страницата на која што ќе се одвива електронското јавно наддавање.

Документите под редните броеви 1, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9 и 10 треба да бидат скенирани во еден ПДФ документ и истиот се прикачува при пријавувањето и тоа во делот ,,Изјава,,.

Банкарската гаранција (документот под реден број 2) се скенира во ПДФ документ и се прикачува при пријавувањето и тоа во делот ,,Банкарска гаранција,,.

Пријавите кои не се комплетирани со овие докази нема да учествуваат на електронското јавно наддавање за што подносителите на некомплетни пријави ќе бидат електронски известени.

Покрај прикачувањето на овие документи по електронски пат, задолжително  документот под реден број 2  (Банкарската гаранција – во оригинал) и документите под редните броеви  1, 3, 4, 5, 6,7, 8, 9 и 10 –  (во оригинал или копија заверена на нотар)   да бидат доставени и до ЈП Национални шуми – Скопје, на бул.Св.Климент Охридски бр.68  Скопје  најдоцна до последниот ден за поднесување на пријавата.

РОКОВИ

Пријави за учество на јавното наддавање може да се поднесат најдоцна во рок од 10 дена од денот на објавата, односно почнувајќи од 12.12.2023 година заклучно до 21.12.2023 година до 23,59 часот, по електронски пат на интернет страната www.deloven-prostor.mk

Јавното наддавање  ќе  се одржи електронски  на  следната интернет страница www.deloven-prostor.mk .

 Јавното наддавање започнува на интернет страницата  со објавување на вкупната почетна цена за деловните простории и се спроведува по пат на    надавање  од страна на учесниците, за секој деловен објект поединечно.

ПОСТАПКА

1.            По приемот на пријавата, Комисијата ја утврдува комплетноста на документацијата согласно условите на објавата, по што ги известува подносителите на пријавите по електронски пат.

2.            На подносителот на пријавите кои се комплетни, Комисијата во рок од 3 дена од денот на доставувањето на пријавата им доставува корисничко име и шифра за учество на јавното наддавање, а на подносителите на пријавите кои не доставиле комплетна документација им доставува известување со образложение дека нема да учествуваат на јавното наддавање.

3.            Подносителите на пријавите кои доставиле комплетни пријави за учество на јавното наддавање согласно со објавата, на денот на спроведување на јавното наддавање се регистрираат на интернет страницата наведена во објавата со корисничко име и шифра за учество на јавното наддавање, по што имаат право на учество на јавното наддавање.

4.            Јавното наддавање ќе се одржи доколку учесниците ги исполнуваат условите дадени во објавата.

5.            Јавното наддавање ќе се одржи и доколку по објавата се пријавил и само еден учесник кој ги исполнува условите дадени во објавата.

6.            Јавното наддавање започнува со објавување на вкупната почетна цена на деловниот простор и се спроведува по пат на наддавање од страна на учесниците. Во првите пет минути од јавното наддавање учесниците може да ја прифатат, односно зголемуваат цената на деловниот простор. Јавното наддавање се смета за завршено во моментот на истекот на времето определено во објавата, при што доколку во истекот на последните две минути од  определеното време за траење на јавното наддавање од страна на учесниците е дадена понуда, крајниот рок за завршување на јавното наддавање се продолжува за уште две минути, а ќе заврши кога за период од следните две минути нема нова дадена понуда.

7.            Јавното наддавање продолжува неограничено се додека во временски интервал од две минути има нова понуда. Доколку во првите пет минути од јавното наддавање не е прифатена понудата, односно не е дадена повисока, вкупната почетна цена на деловниот простор се намалува за 2% по што учесниците на јавното наддавање повторно ќе имаат можност да ја прифатат односно зголемуваат цената на деловниот простор.

8.            Доколку во истекот на последните две минути од вторите пет минути од јавното наддавање од страна на учесниците е прифатена понудата, односно дадена е повисока понуда, крајниот рок за завршување на јавното наддавање се продолжува за уште две минути, а ќе заврши кога за период од следните две минути нема дадено нова понуда.

9.            Доколку во времетраење од петте минути повторно нема понуда, вредноста на деловниот простор повторно се намалува за 2% од вкупната почетна цена на деловниот простор. Намалувањето на вкупната почетна цена на деловниот простор во текот на наддавањето може да изнесува најмногу до 30% од утврдената пазарна вредност на деловниот простор, без разлика колку понудувачи се јавиле на јавното наддавање.

10.         По завршување на јавното наддавање, електронскиот систем самиот генерира (изготвува) записник за спроведеното јавно наддавање кој се доставува до сите учесници на јавното наддавање, по електронски пат.

11.         Доколку станува збор за објава по втор пат, проценетата вкупна вредност на месечната закупнина на деловниот простор може да биде намалена најмногу до 30% доколку на јавното наддавање  се пријави само еден заинтересиран учесник, односно до 50% доколку се пријавиле двајца или повеќе учесници.

12.         Учесниците на јавното наддавање имаат право на приговор само по однос на постапката на јавното наддавање, во рок од три дена од одржувањето на јавното наддавање до Комисијата, која одлучува по приговорот со Решение во рок од 5 дена од приемот на приговорот.

13.         За најповолен понудувач се смета учесникот на јавното наддавање кој понудил последна највисока вкупна цена, која преставува највисока цена за продажба на деловниот простор.

14.         Најповолниот понудувач во рок од 15 дена од денот на приемот на писменото известување за избор е должен да ја уплати вкупната сума од јавното наддавање за продажба на деловниот простор, во спротивно нема да се пристапи кон склучување на договор, а банкарската гаранција за сериозност на понудата  ќе биде активирана и на понудувачот ќе му се изрече забрана за учество во постапките за јавно наддавање за отуѓување или давање под закуп на деловни простории во период од една година од денот на изрекувањето на забраната.

15.         Банкарската гаранција за сериозност на понудата за учество на јавното наддавање му се враќа на подносителот на пријавата во рок од 15 дена од денот на одржувањето на јавното наддавање, а банкарската гаранција на најповолниот понудувач му се враќа во моментот на склучување на Договорт за купопродажба.

16.         По завршување на постапката за јавно наддавање со најповолниот понудувач во рок од 5 (пет) работни дена по извршената уплата на цената на деловниот простор, се склучува договор за купопродажба на деловниот простор.

17.         Обврската за трошоци за солемнизација на договорот и обврската за исплата на данокот на промет паѓаат на товар на купувачот на деловниот простор.Трошоците за објава се на терет на купувачот на деловниот простор.

Оваа објава ќе биде објавена и на WEB страната на ЈП Национални шуми – п.о. Скопје: www.mkdsumi.com.mk  и на интернет страната: www.deloven–prostor.mk   Подетални информации можат да се добијат во седиштето на ЈП Национални шуми – Скопје, на бул.Св.Климент Охридски бр.68 Скопје.

Лице за контакт:

Гордана Серафимовска тел. 070209985

Gordana.serafimovska@mkdsumi.com.mk

Сузана Димовска тел.070/273-366

Suzana.dimovska@mkdsumi.com.mk

         

Комисија за спроведување на постапката

за продажба на деловен простор

по пат на електронско јавно наддавање

 

Назад

Барање

Отчетност

Барање

Барање

Барање

МЖСПП

  • mkdsumi

Екологија

mkdsumi

повеќе

Монографија 1998-2018

  • mkdsumi

Монографија 1998-2008

  • mkdsumi

Списание

МКФФИС

  • mkdsumi

Контакт