ЈАВЕН ОГЛАС бр. 04/2023
Врз основа на член 22 став 1 алинеа 2, став 3, став 8, став 13 и став 14 од Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/14, 199/14, 27/16, 35/18 и 198/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 143/19 и 14/20) како и член 22 став 1 точка 1 и член 23 од Законот за работни односи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16, 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 110/19, 267/20, 151/21 и 288/21), Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми „Национални шуми“ – п.о. Скопје, објавува
ЈАВЕН ОГЛАС бр. 04/2023
за засновање на работен однос на определено време за 5 (пет) лица до 31.12.2023 година
За следните работни места распоредени по Подружниците и Дирекцијата во претпријатието:
1. Подружница ШС „Сандански“ – Македонски Брод
1.1 Референт за сеча и дотур - 1 (еден) извршител
2. Подружница ШС „Галичица“ – Охрид
2.1 Референт за користење на шуми и дотур - 1 (еден) извршител
3. Подружница ШС „Кожув“ – Гевгелија
3.1 Возач на товарно возило - 1 (еден) извршител
4. Подружница ШС „Караџица“ – Скопје
4.1 Возач на товарно возило - 1 (еден) извршител
1. Дирекцијата на ЈП Национални шуми – Скопје
1.1 Референт – благајник – 1 (еден) извршител
Општи услови:
- Да е државјанин на Република Северна Македонија;
- Да е полнолетен, активно да го користи македонскиот јазик, да има општа здравствена способност за работното место;
- Со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност;
Посебни услови:
- За работно место Референт – благајник
Стручни квалификации: Средно образование – економско, гимназија
Работно искуство: со најмалку една година работно искуство;
Посебни работни компетенции: Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;
Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски);
Основна нето плата во износ од 20.200,оо денари;
Посебни услови:
- За работно место Референт за користење на шуми и дотур
Стручни квалификации: со завршен ВСС Шумарски факултет,
Работно искуство: три години работно искуство и
основна нето плата во износ од 26.680,оо денари;
- За работно место Референт за сеча и дотур
Стручни квалификации: стекното најмалку IV ниво на квалификации, четири годишно средно образование – Шумарски техничар,
Работно искуство: две години работно искуство
основна нето плата во износ од 22.740,оо денари;
- За работно место Возач на товарно возило
Стручни квалификации: стекното најмалку IV ниво на квалификации, четири годишно средно образование, возачка дозвола
Работно искуство: две години работно искуство
основна нето плата во износ од 20.200,оо денари;
Неделно работно време за ове работни места изнесува 40 часа, распоредено во 5 (пет) работни дена од понеделник до петок, во подружниците од 07 - 15 часот и дирекцијата од 07.30 – 15.30 часот.
Кон пријавата кандидатите треба да ја достават во оригинал или заверена на нотар следната докуменација:
- Пријава со наведено работно место за кое се пријавуваат
- CV – кратка биографија
- Уверение за државјанство
- Доказ за завршено образование - копија
- Доказ за работно искуство
- Потврда дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност
- Доказ за активно познавање на јазици
- Доказ за активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
Пријавите со потребната документација да се достават до ЈП „Национални шуми” – Скопје на ул.”Св.Климент Охридски” бр. 68 – 1000 Скопје.
Огласот трае 5 работни дена сметано од денот на објавување, односно најдоцна до 15.05.2023 година, а изборот ќе се изврши согласно законски пропишаните рокови.
Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.
Пријава за оглас број (04)-2023
Назад