Информации

Отворена линија

02 155 22

24 ЧАСА НА ДЕН

Пријавете !!!

Mито, корупција, кражби на дрво и други злоупотреби во шума.

Галерија

Контакт

Централа: 02 2 581 080

Директор: 02 2 581 083

Факс: 02 2 581 824

komunikacii@mkdsumi.com.mk

Огласи

ЈАВЕН ОГЛАС бр. 04/2022

mkd shumi
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Врз основа на член 37 – и  став 1, 2, 3 и 4 од Законот за јавните претпријатија (Сл.Весник на Р.М. бр. бр. 38/96, 6/02, 40/03, 49/06, 22/07, 83/09, 97/10, 6/12, 119/13, 41/14 и 138/14, 25/2015, 61/2015, 39/2016, 64/2018, 35/19, 275/19 и 89/22),  член 22 став 1 алинеа 2 и 3, став 3, став 8, став 13 и став 14 од Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/14, 199/14, 27/16, 35/18 и 198/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 143/19 и 14/20) како и член 22 став 1 точка 1 и член 23 од Законот за работни односи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16, 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 110/19, 267/20, 151/21 и 288/21), Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми „Национални шуми“ – п.о. Скопје, објавува
ЈАВЕН ОГЛАС бр. 04/2022
за засновање на работен однос на определено време за 6 (шест) лица до 31.12.2022 година
 
За следните работни места распоредени по Подружниците во претпријатието:
 
Подружница ШС „Равна Река“ – Пехчево
Референт за користење на шуми и дотур - 1 (еден) извршител
Подружница ШС „Караџица“ –Скопје
Возач на товарно возило - 1 (еден) извршител
Подружница ШС „Осогово“ – Кочани
Референт за сеча и дотур - 1 (еден) извршител
Подружница ШС „Бигла“ – Демир Хисар
Референт за превоз- 1 (еден) извршител
Подружница ШС „Бор“ – Кавадарци
Сечач- 1 (еден) извршител
Подружница ШС „Саланџак“ – Валандово
Сечач- 1 (еден) извршител
 
Општи услови:
Да е државјанин на Република С. Македонија;
Да е полнолетен, да има општа здравствена способност за работното место;
Со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност;
 
Посебни услови:
 
За работно место Референт за користење на шуми и дотур 
Стручни квалификации: со завршен ВСС Шумарски факултет, 
Работно искуство: три години работно искуство и 
основна нето плата во износ од 24.480,оо денари;
 
За работно место Референт за сеча и дотур 
Стручни квалификации: стекното најмалку IV ниво на квалификации, четири годишно средно образование – Шумарски техничар, 
Работно искуство: две години работно искуство 
основна нето плата во износ од 20.540,оо денари;
 
За работно место Референт за превоз 
Стручни квалификации: стекното најмалку IV ниво на квалификации, четири годишно средно образование - Шумарски техничар
Работно искуство: две години работно искуство 
основна нето плата во износ од 19.100,оо денари;
 
За работно место Возач на товарно возило 
Стручни квалификации: стекното најмалку IV ниво на квалификации, четири годишно средно образование, 
Работно искуство: две години работно искуство 
основна нето плата во износ од 18.000,оо денари;
 
За работно место Сечач
Стручни квалификации: стекното најмалку IV ниво на квалификации, четири годишно средно образование, 
Работно искуство: со и без работно искуство 
основна нето плата во износ од 18.000,оо денари;
 
Неделно работно време за ове работни места изнесува 40 часа, распоредено во 5 (пет) работни дена од понеделник до петок, од 07 - 15 часот. 
 
Кон пријавата кандидатите треба да ја достават во оригинал или заверена на нотар следната докуменација:
Пријава со наведено работно место за кое се пријавуваат
CV – кратка биографија
Уверение за државјанство
Доказ за завршено образование 
Доказ за работно искуство
Потврда дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност
Пријавите со потребната документација да се достават до ЈП „Национални шуми” – Скопје на ул.Бул”Св.Климент Охридски” бр.68 – 1000 Скопје.
 
Огласот трае 15 дена сметано од денот на објавување, односно најдоцна до 22.06.2022 година, а изборот ќе се изврши согласно законски пропишаните рокови.
Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.                                             
Назад

Барање

Отчетност

Барање

Барање

Барање

МЖСПП

  • mkdsumi

Екологија

mkdsumi

повеќе

Монографија 1998-2018

  • mkdsumi

Монографија 1998-2008

  • mkdsumi

Списание

МКФФИС

  • mkdsumi

Контакт