ЈАВЕН ОГЛАС бр. 03/2022
Врз основа на член 37 – и став 1, 2, 3 и 4 од Законот за јавните претпријатија (Сл.Весник на Р.М. бр. бр. 38/96, 6/02, 40/03, 49/06, 22/07, 83/09, 97/10, 6/12, 119/13, 41/14 и 138/14, 25/2015, 61/2015, 39/2016, 64/2018, 35/19 и 275/19) и член 22 став 1 ал.3 од Законот за вработените во јавниот сектор (Сл.Весник на Р.М. бр. 27/2014, 199/2014, 27/2016, 35/18, 198/18, 143/19 и 14/20) како и член 22 став 1 точка 1 и член 23 од Законот за работни односи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16, 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 110/19, 267/20, 151/21 и 288/21), Јавното претпријатие за стопанисување со државни шуми „Национални шуми“ - Скопје, објавува
ЈАВЕН ОГЛАС бр. 03/2022
За засновање на работен однос на определено време за 410 (четиристотини и десет) лица до 31.12.2022 година
Заради извршување на работи од сезонски карактер, за следните работни места:
- Сечач – 182 (сто осумдесет и два) лица, со ново на работо место Б04
- Дотурач – 95 (деведесет и пет) лица, со ниво на работно место Б04
- Редач – Утоварач – Истоварач – 54 (педесет и четири) лица, со ниво на работно место В01 и
- Шумски работник (редач, утовар.пошумување и шум.производи) – 79 (седумдесет и девет) лица, со ниво на работно место место Б04
Погоренаведените работни места се во групата на даватели на јавни услуги, за кои кандидатите треба да ги исполнуваат следните посебни услови:
- степен на образование – нк, ссз, ссс
- со и без работно искуство
Работните задачи за работно место сечач опфаќаат оборување, кроење и изработка на шумски сортименти, за работно место дотурач пренос на дрвни сортименти, за работното место Редач – Утоварач – Истоварач опфаќа утоварање, растоварање и редење на дрва во шума и во магацин и за работното место Шумски работник опфаќа редење, утовар, растовар на огревно дрво и градежен материјал и други работни задачи.
Месечната нето плата за работното место Сечач изнесува 16.890,оо денари, за работно место Дотурач изнесува 15.450,оо денари, за работното место Редач – Утоварач – Истоварач изнесува 14.880,оо денари и за Шумски работник (редач, утовар.пошумување и шум.производи) изнесува 14.880,оо денари.
Неделно работно време за овие работни места изнесува 40 часа, распоредено во 5 (пет) работни дена од понеделник до петок, од 07 - 15 часот. Работните задачи се извршуваат исклучиво на терен.
Кон пополнетата и потпишана пријава кандидатите треба да ги приложат и следните документи:
- Уверение за државјанство
- Доказ за завршено образование – копија
- Доказ за работно искуство
- Потврда дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност
Заинтересираните кандидати може да поднесат Пријава за вработување и истата може да ја најдат на веб страна на претпријатието. Пријавите со потребната документација да се достават до ЈП „Национални шуми” – Скопје на ул.„Перо Наков” бр. 128 – 1000 Скопје.
Огласот трае 15 дена сметано од денот на објавување, односно најдоцна до 22.02.2022 година, а изборот ќе се изврши согласно законски пропишаните рокови.
Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.
Назад