Информации

Отворена линија

02 155 22

24 ЧАСА НА ДЕН

Пријавете !!!

Mито, корупција, кражби на дрво и други злоупотреби во шума.

Галерија

Контакт

Централа: 02 2 581 080

Директор: 02 2 581 083

Факс: 02 2 581 824

komunikacii@mkdsumi.com.mk

Огласи

ЈАВЕН ОГЛАС бр. 01/2022

 

Врз основа на член 22став 1 алинеа 2, став 3, став 8, став 13 и став 14 од Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/14, 199/14, 27/16, 35/18 и 198/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 143/19 и 14/20) како и член 22 став 1 точка 1 и член 23 од Законот за работни односи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16, 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 110/19, 267/20, 151/21 и 288/21), Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми „Национални шуми“ –п.о. Скопје, објавува

 

ЈАВЕН ОГЛАС бр. 01/2022

за засновање на работен однос на определено време за 28 (дваесет и осум) лица до 31.12.2022 година

mkd shumi

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

За следните работни места распоредени по Подружниците во претпријатието:

 

1.     Подружница ШС „Бабуна“ – Велес

-        Соработник за евиденција на побарувања и обврски – 1 (еден) извршител

 

2.     Подружница ШС „Јабланица“ – Струга

-        Соработник за евиденција на побарувања и обврски – 1 (еден) извршител

-        Помлад соработник за правни работи -1 (еден) извршител

 

3.     ПодружницаШС „Кратово“ – Кратово

-        Соработник за евиденција на побарувања и обврски – 1 (еден) извршител

 

4.     ПодружницаШС „Липа“ – Крушево

-        Соработник за евиденција на побарувања и обврски – 1 (еден) извршител

 

5.     ПодружницаШС „Лопушник“ – Кичево

-        Соработник за евиденција на побарувања и обврски – 1 (еден) извршител

 

6.     Подружница ШС „Демир Капија“ – Демир Капија

-        Помлад соработник за правни работи– 1 (еден) извршител

 

7.     Подружница ШС „Осогово“ – Крива Паланка

-        Оператор на евидентни картони – 1 (еден) извршител

 

8.     Подружница ШС „Кожув„ – Гевгелија

-        Референт – архивар – 1 (еден)  извршител

-        Помлад соработник за правни работи -1 (еден) извршител

 

9.     Подружница ШС „Малешево“ – Берово

-        Магационер на склад – 1 (еден) извршител

 

10. Подружница ШС „Караџица“ – Скопје

-        Магационер на склад – 1 (еден) извршител

-        Помлад соработник за правни работи -1 (еден) извршител

 

11. Подружница ШС „Беласица“ – Струмица

-        Референт – благајник – 1 (еден) извршител

 

12. Подружница ШС „Голак“ – Делчево

-        Референт – благајник – 1 (еден) извршител

-        Помлад соработник за правни работи -1 (еден) извршител

-        Помлад соработник за финансии –1 (еден) извршител

 

13. Подружница ШС „Куманово“ – Куманово

-        Соработник за застапување - 1 (еден) извршител

 

14. Подружница ШС „Лешница“ – Тетово

-        Помлад соработник за финансии –1 (еден) извршител

-        Помлад соработник за правни работи -1 (еден) извршител

 

15. Подружница ШС „Преспадрво“ – Ресен

-        Помлад соработник за финансии – 2 (два) извршители

 

16. Подружница ШС „Шар“ – Гостивар

-        Помлад соработник за правни работи -1 (еден) извршител

 

17. Подружница ШС „Црн Бор“ – Прилеп

-        Помлад соработник за правни работи -1 (еден) извршител

 

и за Дирекцијата на ЈП Национални шуми – Скопје

-        Соработник за евиденција на побарувања и обврски – 1 (еден) извршител

-        Самостоен референт за сметководствени работи - 1 (еден)  извршител

-        Соработник за застапување - 1 (еден) извршител

-        Помлад соработник за правни работи -1 (еден) извршител

Општи услови:

-        Да е државјанин на Република Македонија;

-        Да е полнолетен, да има општа здравствена способност за работното место;

-        Со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност;

Посебни услови:

-        За работното место Соработник за евиденција на побарувања и обврски

Стручни квалификации: Високо образование односно најмалку 180 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII степен, Економски науки, Организациони науки и управување (менаџмент);

Работно искуство: со најмалку една година работно искуство во струката;

Посебни работни компетенции: Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;

Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски);

Основна нето плата во износ од 24.480,оо денари;

 

-        За работното место Соработник за застапување

Стручни квалификации: Високо образование односно најмалку 180 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII степен, Правни науки,

Работно искуство: со најмалку една година работно искуство во струката;

Посебни работни компетенции: Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;

Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски);

Основна нето плата во износ од 24.480,оо денари;

 

-        За работно место Помлад соработник за финансии

Стручни квалификации: Високо образование односно најмалку 180 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII степен, Економски науки, Организациони науки и управување (менаџмент)

Работно искуство: со или без работно искуство во струката;

Посебни работни компетенции: Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;

Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски);

Основна нето плата во износ од 22.940,оо денари;

 

-        За работно место Помлад соработник за правни работи

Стручни квалификации: Високо образование односно најмалку 180 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII степен, Правни науки,

Работно искуство: со или без работно искуство во струката;

Посебни работни компетенции: Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;

Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски);

Основна нето плата во износ од 22.940,оо денари;

 

-        За работно место Оператор на евидентни картони

Стручни квалификации:Средно образование - гимназија ,економско , шумарско,

Работно искуство: со најмалку една година работно искуство;

Посебни работни компетенции: Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;

Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски);

Основна нето плата во износ од 16.220,оо денари;

 

-        За работно место Референт – архивар

Стручни квалификации: Средно образование - гимназија , шумарско,

Работно искуство: со најмалку една година работно искуство;

Посебни работни компетенции: Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;

Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски);

Основна нето плата во износ од 16.560,оо денари;

 

-        За работно место Магационер на склад

Стручни квалификации: Средно образование - гимназија ,економско , шумарско,

Работно искуство: со најмалку две години работно искуство;

Посебни работни компетенции: Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;

Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски);

Основна нето плата во износ од 19.100,оо денари;

 

-        За работно место Референт – благајник

Стручни квалификации: Средно образование – економско, гимназија

Работно искуство: со најмалку една година работно искуство;

Посебни работни компетенции: Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;

Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски);

Основна нето плата во износ од 16.890,оо денари;

 

-        За работно место Самостоен референт за сметководствени работи

Стручни квалификации: Средно образование – економско, гимназија

Работно искуство:со најмалку три години работно искуство;

Посебни работни компетенции: Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;

Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски);

Основна нето плата во износ од 21.540,оо денари;

 

Неделно работно време за ове работни места изнесува 40 часа, распоредено во 5 (пет) работни дена од понеделник до петок, во подружниците од 07 - 15 часот и дирекцијата од 07.30 – 15.30 часот.

 

Кон пријавата кандидатите треба да ја достават во оригинал или заверена на нотар следната докуменација:

-        Пријава со наведено работно место за кое се пријавуваат

-        CV – кратка биографија

-        Уверение за државјанство

-        Доказ за завршено образование

-        Доказ за работно искуство

-        Потврда дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност

-        Доказ за активно познавање на јазици

-        Доказ за активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење

Пријавите со потребната документација да се достават до ЈП„Национални шуми” – Скопје на ул.”Перо Наков” бр. 128 – 1000 Скопје.

Огласот трае 5работни дена сметано од денот на објавување, односно најдоцнадо05.01.2022 година, а изборот ќе се изврши согласно законски пропишаните рокови.

Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.

 

ЈП „Национални шуми”- Скопје

Назад

COVID-19 (корона вирус)

Отчетност

Пријава за вработување

Барање

Барање

Барање

МЖСПП

  • mkdsumi

Екологија

mkdsumi

повеќе

Монографија 1998-2018

  • mkdsumi

Монографија 1998-2008

  • mkdsumi

Списание

МКФФИС

  • mkdsumi

Контакт