Информации

Отворена линија

02 155 22

24 ЧАСА НА ДЕН

Пријавете !!!

Mито, корупција, кражби на дрво и други злоупотреби во шума.

Галерија

Контакт

Централа: 02 2 581 080

Директор: 02 2 581 083

Факс: 02 2 581 824

komunikacii@mkdsumi.com.mk

Огласи

ЈАВЕН ОГЛАС бр. 04/2021

Врз основа на член 22 став 1 алинеа 1 и 2, став 3, став 8, став 13 и став 14 од Законот за вработените во јавниот сектор (Сл.Весник на Р.М. бр. 27/2014, 199/2014, 27/2016, 35/18, 198/18 и 143/2019) како и член 22 став 1 точка 1 и член 23 од Законот за работни односи (Службен весник на РМ 62/2005, 106/2008, 161/2008, 114/2009, 130/2009, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15 ,129/15, 27/16, 134/16, 120/18, 110/19, 267/20 и 151/21), Јавното претпријатие за стопанисување со државни шуми „Национални шуми“ - Скопје, објавува

 

ЈАВЕН ОГЛАС бр. 04/2021

за засновање на работен однос на определено време за 4 (четири) лица до 31.12.2021 година

mkd shumi

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

За следните работни места распоредени по Подружниците во претпријатието:

 

1.     Подружница ШС „Малешево“ – Берово

-       Магационер на склад – 1 (еден) извршител

 

2.     Подружница ШС „Голак“ – Делчево

-       Помлад соработник за финансии –1 (еден) извршител

 

3.     Подружница ШС „Црн Бор“ – Прилеп

-       Помлад соработник за правни работи -1 (еден) извршител

 

4.     Подружница ШС „Кожув“ – Гевгелија

-       Возач на товарно возило

 

Општи услови:

-          Да е државјанин на Република Македонија;

-          Да е полнолетен, да има општа здравствена способност за работното место;

-          Со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност;

Посебни услови:

-          За работно место Помлад соработник за финансии

Стручни квалификации: Високо образование односно најмалку 180 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII степен, Економски науки, Организациони науки и управување (менаџмент)

Работно искуство: со или без работно искуство во струката;

Посебни работни компетенции: Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;

Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски);

Основна нето плата во износ од 22.940,оо денари;

 

-          За работно место Помлад соработник за правни работи

Стручни квалификации: Високо образование односно најмалку 180 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII степен, Правни науки,

Работно искуство: со или без работно искуство во струката;

Посебни работни компетенции: Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;

Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски);

Основна нето плата во износ од 22.940,оо денари;

 

-          За работно место Магационер на склад

Стручни квалификации: Средно образование - гимназија ,економско , шумарско,

Работно искуство: со најмалку две години работно искуство;

Посебни работни компетенции: Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;

Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски);

Основна нето плата во износ од 19.100,оо денари;

 

-          За работно место Возач на товарно возило

Стручни квалификации: стекното најмалку IV ниво на квалификации, четири годишно средно образование,

Работно искуство: две години работно искуство

основна нето плата во износ од 17.660,оо денари;

 

 

 

Неделно работно време за ове работни места изнесува 40 часа, распоредено во 5 (пет) работни дена од понеделник до петок, од 07 - 15 часот.

 

Кон пријавата кандидатите треба да ја достават во оригинал или заверена на нотар следната докуменација:

-       Пријава со наведено работно место за кое се пријавуваат

-       CV – кратка биографија

-       Уверение за државјанство

-       Доказ за завршено образование

-       Доказ за работно искуство

-       Потврда дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност

-       Доказ за активно познавање на јазици

-       Доказ за активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење

 

Пријавите со потребната документација да се достават до ЈП „Национални шуми” – Скопје на ул.”Перо Наков” бр. 128 – 1000 Скопје.

Огласот трае 5 работни дена сметано од денот на објавување, а изборот ќе се изврши согласно законски пропишаните рокови.

Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.

 

ЈП „Национални шуми”- Скопје

Назад

Барање

Отчетност

Барање

Барање

Барање

МЖСПП

  • mkdsumi

Екологија

mkdsumi

повеќе

Монографија 1998-2018

  • mkdsumi

Монографија 1998-2008

  • mkdsumi

Списание

МКФФИС

  • mkdsumi

Контакт