Информации

Отворена линија

02 155 22

24 ЧАСА НА ДЕН

Пријавете !!!

Mито, корупција, кражби на дрво и други злоупотреби во шума.

Галерија

Контакт

Централа: 02 2 581 080

Директор: 02 2 581 083

Факс: 02 2 581 824

komunikacii@mkdsumi.com.mk

Огласи

ЈАВЕН ОГЛАС бр. 03/2021

Врз основа на член 22 став 1 алинеа 1 и 2, став 3, став 8, став 13 и став 14 од Законот за вработените во јавниот сектор (Сл.Весник на Р.М. бр. 27/2014, 199/2014, 27/2016, 35/18, 198/18 и 143/2019) како и член 22 став 1 точка 1 и член 23 од Законот за работни односи (Службен весник на РМ 62/2005, 106/2008, 161/2008, 114/2009, 130/2009, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15 ,129/15, 27/16, 134/16, 120/18 и 110/19), Јавното претпријатие за стопанисување со државни шуми „Национални шуми“ - Скопје, објавува

 

ЈАВЕН ОГЛАС бр. 03/2021

за засновање на работен однос на определено време за 36 (триесет и шест) лица до 31.12.2021 година

 

mkd shumi

За следните работни места распоредени по Подружниците во претпријатието:

 

1.     Подружница ШС „Осогово“ – Крива Паланка

-       Референт за користење на шуми и дотур - 1 (еден) извршител

 

2.     Подружница ШС „Равна Река“ – Пехчево

-       Референт за користење на шуми и дотур - 2 (два) извршители

-       Референт за сеча и дотур - 1 (еден) извршител

 

3.     Подружница ШС „Бор“ – Кавадарци

-       Референт за користење на шуми и дотур - 1 (еден) извршител

-       Референт за сеча и дотур - 1 (еден) извршител

-       Ракувач со градежна машина - 1 (еден) извршител

-       Минер – компресорист - 1 (еден) извршител

-       Возач на товарно возило - 1 (еден) извршител

 

4.     Подружница ШС „Бабуна“ – Велес

-       Референт за користење на шуми и дотур - 1 (еден) извршител

-       Чувар на шуми – лиценца - 1 (еден) извршител

 

5.     Подружница ШС „Караџица“ –Скопје

-       Референт за користење на шуми и дотур - 1 (еден) извршител

-       Возач на товарно возило - 1 (еден) извршител

 

6.     Подружница ШС „Сандански“ – Македонски Брод

-       Референт за користење на шуми и дотур - 1 (еден) извршител

-       Референт за сеча и дотур - 1 (еден) извршител

 

7.     Подружница ШС „Галичица“ – Охрид

-       Референт за користење на шуми и дотур - 1 (еден) извршител

-       Ракувач со градежна машина - 1 (еден) извршител

-       Референт за сеча и дотур - 1 (еден) извршител

 

8.     Подружница ШС „Осогово“ – Кочани

-       Референт за сеча и дотур - 1 (еден) извршител

 

9.     Подружница ШС „Бигла“ – Демир Хисар

-       Референт за сеча и дотур - 1 (еден) извршител

-       Референт за превоз- 1 (еден) извршител

 

 

10.  Подружница ШС „Малешево“ – Берово

-       Референт за превоз- 1 (еден) извршител

-       Чувар на шуми – лиценца -1 (еден) извршител

 

11.  Подружница ШС „Голак“ – Делчево

-       Референт за превоз- 1 (еден) извршител

 

12.  Подружница ШС „Стогово“ – Дебар

-       Ракувач со градежна машина - 1 (еден) извршител

-       Хигиеничар - 1 (еден) извршител

-       Чувар на шуми – лиценца -1 (еден) извршител

 

13.  Подружница ШС „Демир Капија“ – Демир Капија

-       Референт за превоз- 1 (еден) извршител

-       Возач на товарно возило - 1 (еден) извршител

 

14.  Подружница ШС „Преспадрво“ – Ресен

-       Ракувач со градежна машина - 1 (еден) извршител

 

15.  Подружница ШС „Плачковица“ – Радовиш

-       Ракувач со градежна машина - 1 (еден) извршител

 

16.  Подружница ШС „Кожув“ – Гевгелија

-       Автомеханичар - 1 (еден) извршител

-       Возач на товарно возило - 1 (еден) извршител

 

17.  Подружница ШС „Беласица“ – Струмица

-       Контролор на рампа - 1 (еден) извршител

 

18.  Подружница ШС „Шар“ – Гостивар

-       Чувар на шуми – лиценца -1 (еден) извршител

 

Дирекција на ЈП Национални шуми – Скопје

-       Хигиеничар - 1 (еден) извршител

 

Општи услови:

-          Да е државјанин на Република Македонија;

-          Да е полнолетен, да има општа здравствена способност за работното место;

-          Со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност;

 

Посебни услови:

 

-          За работно место Референт за користење на шуми и дотур

Стручни квалификации: со завршен ВСС Шумарски факултет,

Работно искуство: три години работно искуство и

основна нето плата во износ од 24.480,оо денари;

 

-          За работно место Референт за сеча и дотур

Стручни квалификации: стекното најмалку IV ниво на квалификации, четири годишно средно образование – Шумарски техничар,

Работно искуство: две години работно искуство

основна нето плата во износ од 20.540,оо денари;

 

-          За работно место Референт за превоз

Стручни квалификации: стекното најмалку IV ниво на квалификации, четири годишно средно образование,

Работно искуство: две години работно искуство - Шумарски техничар

основна нето плата во износ од 19.100,оо денари;

 

-          За работно место Ракувач со градежна машина

Стручни квалификации: стекното најмалку IV ниво на квалификации, четири годишно средно образование,

Работно искуство: две години работно искуство

основна нето плата во износ од 19.100,оо денари;

 

-          За работно место Контролор на рампа

Стручни квалификации: стекното најмалку IV ниво на квалификации, четири годишно средно образование,

Работно искуство: две години работно искуство

основна нето плата во износ од 16.220,оо денари;

 

-          За работно место Возач на товарно возило

Стручни квалификации: стекното најмалку IV ниво на квалификации, четири годишно средно образование,

Работно искуство: две години работно искуство

основна нето плата во износ од 17.660,оо денари;

 

-          За работно место Чувар на шуми – лиценца

Стручни квалификации: стекното најмалку IV ниво на квалификации, четири годишно средно образование,

Работно искуство: две години работно искуство - Шумарски техничар насока шумарство и основна нето плата во износ од 17.660,оо денари;

 

-          За работно место Автомеханичар

Стручни квалификации: четири годишно средно образование автомеханичарско и основна нето плата во износ од 17.660,оо денари;

 

-          За работно место Минер – компресорист

Стручни квалификации: четири годишно средно образование

основна нето плата во износ од 16.890,оо денари;

 

-          За работно место Хигиеничар

Стручни квалификации: основно образование

основна нето плата во износ од 14.500,оо денари;

 

Неделно работно време за ове работни места изнесува 40 часа, распоредено во 5 (пет) работни дена од понеделник до петок, од 07 - 15 часот.

 

Кон пријавата кандидатите треба да ја достават во оригинал или заверена на нотар следната докуменација:

-       Пријава со наведено работно место за кое се пријавуваат

-       CV – кратка биографија

-       Уверение за државјанство

-       Доказ за завршено образование

-       Доказ за работно искуство

-       Потврда дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност

Пријавите со потребната документација да се достават до ЈП „Национални шуми” – Скопје на ул.”Перо Наков” бр. 128 – 1000 Скопје.

 

Огласот трае 5 работни дена сметано од денот на објавување, односно најдоцна до 14.06.2021 година, а изборот ќе се изврши согласно законски пропишаните рокови.

Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.

 

 ЈП „Национални шуми”- Скопје

 

Назад

Барање

Отчетност

Барање

Барање

Барање

МЖСПП

  • mkdsumi

Екологија

mkdsumi

повеќе

Монографија 1998-2018

  • mkdsumi

Монографија 1998-2008

  • mkdsumi

Списание

МКФФИС

  • mkdsumi

Контакт