ЈАВЕН ОГЛАС бр. 01/2021
Врз основа на член 37 – и став 1, 2 и 3 од Законот за јавните претпријатија (Сл.Весник на Р.М. бр. бр. 38/96, 6/02, 40/03, 49/06, 22/07, 83/09, 97/10, 6/12, 119/13, 41/14 и 138/14, 25/2015, 61/2015, 39/2016, 64/2018, 35/19 и 275/19) и член 22 точка 1 ал.3 од Законот за вработените во јавниот сектор (Сл.Весник на Р.М. бр. 27/2014, 199/2014, 27/2016, 35/18, 198/18, 143/19 и 14/20) како и член 22 став 1 точка 1 и член 23 од Законот за работни односи (Службен весник на РМ 62/2005, 106/2008, 161/2008, 114/2009, 130/2009, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15 ,129/15, 27/16, 134/16, 120/18 и 109/19), Јавното претпријатие за стопанисување со државни шуми „Национални шуми“ - Скопје, објавува
ЈАВЕН ОГЛАС бр. 01/2021
За засновање на работен однос на определено време за 409 (четиристотини и девет) лица до 31.12.2021 година
Заради извршување на работи од сезонски карактер, за следните работни места:
- Сечач – 198 (сто деведесет и осум) лица, со ново на работо место Б04
- Дотурач – 93 (деведесет и три) лица, со ниво на работно место Б04
- Редач – Утоварач – Истоварач – 60 (шеесет) лица, со ниво на работно место В01 и
- Шумски работник (редач, утовар.пошумување и шум.производи) – 58 (педесет и осум) лица, со ниво на работно место место Б04
Погоренаведените работни места се во групата на даватели на јавни услуги, за кои кандидатите треба да ги исполнуваат следните посебни услови:
- степен на образование – нк, ссз, ссс
- со и без работно искуство
Работните задачи за работно место сечач опфаќаат оборување, кроење и изработка на
шумски сортименти, за работно место дотурач пренос на дрвни сортименти, за работното место Редач – Утоварач – Истоварач опфаќа утоварање, растоварање и редење на дрва во шума и во магацин и за работното место Шумски работник опфаќа редење, утовар, растовар на огревно дрво и градежен материјал и други работни задачи.
Месечната нето плата за работното место Сечач изнесува 16.890,оо денари, за работно место Дотурач изнесува 15.450,оо денари, за работното место Редач – Утоварач – Истоварач изнесува 14.880,оо денари и за Шумски работник (редач, утовар.пошумување и шум.производи) изнесува 14.880,оо денари.
Неделно работно време за овие работни места изнесува 40 часа, распоредено во 5 (пет) работни дена од понеделник до петок, од 07 - 15 часот. Работните задачи се извршуваат исклучиво на терен.
Кон пријавата кандидатите треба да ги приложат и следните документи:
- Доказ за завршено образование и
- Уверение за државјанство.
Заинтересираните кандидати може да поднесат Пријава за вработување и истата може да
ја најдат на веб страна на претпријатието.
Пријавите со потребната документација да се достават до ЈП „Национални шуми” – Скопје
на ул.„Перо Наков” бр. 128 – 1000 Скопје.
Огласот трае 15 дена сметано од денот на објавување, односно најдоцна до 04.02.2021 година, а изборот ќе се изврши согласно законски пропишаните рокови.
Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.
ЈП „Национални шуми”- Скопје
Назад