Информации

Отворена линија

02 155 22

24 ЧАСА НА ДЕН

Пријавете !!!

Mито, корупција, кражби на дрво и други злоупотреби во шума.

Галерија

Контакт

Централа: 02 2 581 080

Директор: 02 2 581 083

Факс: 02 2 581 824

komunikacii@mkdsumi.com.mk

Огласи

ЈАВЕН ОГЛАС бр. 03/2020

Врз основа на член 22 став 1 алинеа 2 и став 3, став 8, став 13 и став 14 од Законот за вработените во јавниот сектор (Сл.Весник на Р.М. бр. 27/2014, 199/2014, 27/2016, 35/18, 198/18 и 143/2019) како и член 22 став 1 точка 1 и член 23 од Законот за работни односи (Службен весник на РМ 62/2005, 106/2008, 161/2008, 114/2009, 130/2009, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15 ,129/15, 27/16, 134/16, 120/18 и 110/19), Јавното претпријатие за стопанисување со државни шуми „Национални шуми“ - Скопје, објавува

 

ЈАВЕН ОГЛАС бр. 03/2020

за засновање на работен однос на определено време за 34 (триесет и четири) лица до 31.12.2020 година

 

mkd shumi

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

За следните работни места распоредени по Подружниците во претпријатието:

 

  1. Подружница ШС „Бабуна“ – Велес
  • Соработник за евиденција на побарувања и обврски – 1 (еден) извршител
  • Референт – благајник – 1 (еден) извршител

 

  1. Подружница ШС „Јабланица“ – Струга
  • Соработник за евиденција на побарувања и обврски – 1 (еден) извршител
  • Помлад соработник за правни работи -1 (еден) извршител

 

  1. Подружница ШС „Кратово“ – Кратово
  • Соработник за евиденција на побарувања и обврски – 1 (еден) извршител

 

  1. Подружница ШС „Липа“ – Крушево
  • Соработник за евиденција на побарувања и обврски – 1 (еден) извршител
  • Референт – благајник – 1 (еден) извршител

 

  1. Подружница ШС „Лопушник“ – Кичево
  • Соработник за евиденција на побарувања и обврски – 1 (еден) извршител

 

  1. Подружница ШС „Демир Капија“ – Демир Капија
  • Помлад соработник за застапување – 1 (еден) извршител

 

  1. Подружница ШС „Осогово“ – Крива Паланка
  • Оператор на евидентни картони – 1 (еден) извршител

 

  1. Подружница ШС „Кожув„ – Гевгелија
  • Референт – архивар – 1 (еден)  извршител
  • Помлад соработник за правни работи -1 (еден) извршител

 

  1. Подружница ШС „Малешево“ – Берово
  • Магационер на склад – 1 (еден) извршител

 

  1. Подружница ШС „Караџица“ – Скопје
  • Магационер на склад – 1 (еден) извршител
  • Помлад соработник за правни работи -1 (еден) извршител

 

  1. Подружница ШС „Плачковица“ – Радовиш
  • Магационер на склад – 1 (еден) извршител

 

 

  1. Подружница ШС „Беласица“ – Струмица
  • Референт – благајник – 1 (еден) извршител

 

  1. Подружница ШС „Голак“ – Делчево
  • Референт – благајник – 1 (еден) извршител
  • Помлад соработник за правни работи -1 (еден) извршител
  • Помлад соработник за финансии –1 (еден) извршител

 

  1. Подружница ШС „Куманово“ – Куманово
  • Соработник за застапување - 1 (еден) извршител

 

  1. Подружница ШС „Лешница“ – Тетово
  • Помлад соработник за финансии –1 (еден) извршител

 

  1. Подружница ШС „Преспадрво“ – Ресен
  • Помлад соработник за финансии – 2 (два) извршители

 

  1. Подружница ШС „Шар“ – Гостивар
  • Помлад соработник за правни работи -1 (еден) извршител

 

  1. Подружница ШС „Црн Бор“ – Прилеп
  • Помлад соработник за правни работи -1 (еден) извршител

 

и за Дирекцијата на ЈП Национални шуми – Скопје

  • Соработник за евиденција на побарувања и обврски – 2 (два) извршители
  • Самостоен референт за сметководствени работи - 1 (еден)  извршител
  • Помлад референт - оператор- 1 (еден)  извршител
  • Референт – благајник – 1 (еден) извршител
  • Соработник за застапување - 2 (два) извршители
  • Помлад соработник за правни работи -1 (еден) извршител

Општи услови:

  • Да е државјанин на Република Македонија;
  • Да е полнолетен, да има општа здравствена способност за работното место;
  • Со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност;

Посебни услови:

  • За работното место Соработник за евиденција на побарувања и обврски

Стручни квалификации: Високо образование односно најмалку 180 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII степен, Економски науки, Организациони науки и управување (менаџмент);

Работно искуство: со најмалку една година работно искуство во струката;

Посебни работни компетенции: Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;

Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски);

Основна нето плата во износ од 24.480,оо денари;

 

  • За работното место Соработник за застапување

Стручни квалификации: Високо образование односно најмалку 180 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII степен, Правни науки,

Работно искуство: со најмалку една година работно искуство во струката;

Посебни работни компетенции: Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;

Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски);

Основна нето плата во износ од 24.480,оо денари;

 

  • За работно место Помлад соработник за финансии

Стручни квалификации: Високо образование односно најмалку 180 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII степен, Економски науки, Организациони науки и управување (менаџмент)

Работно искуство: со или без работно искуство во струката;

Посебни работни компетенции: Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;

Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски);

Основна нето плата во износ од 22.940,оо денари;

 

  • За работно место Помлад соработник за правни работи

Стручни квалификации: Високо образование односно најмалку 180 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII степен, Правни науки,

Работно искуство: со или без работно искуство во струката;

Посебни работни компетенции: Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;

Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски);

Основна нето плата во износ од 22.940,оо денари;

 

  • За работно место Оператор на евидентни картони

Стручни квалификации: Средно образование - гимназија ,економско , шумарско,

Работно искуство: со најмалку една година работно искуство;

Посебни работни компетенции: Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;

Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски);

Основна нето плата во износ од 16.220,оо денари;

 

  • За работно место Референт – архивар

Стручни квалификации: Средно образование - гимназија , шумарско,

Работно искуство: со најмалку една година работно искуство;

Посебни работни компетенции: Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;

Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски);

Основна нето плата во износ од 16.560,оо денари;

 

  • За работно место Магационер на склад

Стручни квалификации: Средно образование - гимназија ,економско , шумарско,

Работно искуство: со најмалку две години работно искуство;

Посебни работни компетенции: Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;

Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски);

Основна нето плата во износ од 19.100,оо денари;

 

  • За работно место Референт – благајник

Стручни квалификации: Средно образование – економско, гимназија

Работно искуство: со најмалку една година работно искуство;

Посебни работни компетенции: Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;

Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски);

Основна нето плата во износ од 16.890,оо денари;

 

  • За работно место Самостоен референт за сметководствени работи

Стручни квалификации: Средно образование – економско, гимназија

Работно искуство: со најмалку три години работно искуство;

Посебни работни компетенции: Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;

Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски);

Основна нето плата во износ од 21.540,оо денари;

 

  • За работно место Помлад референт - оператор

Стручни квалификации: Средно образование – економско, гимназија

Работно искуство: со или без работно искуство;

Посебни работни компетенции: Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;

Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски);

Основна нето плата во износ од 15.490,оо денари;

 

Неделно работно време за ове работни места изнесува 40 часа, распоредено во 5 (пет) работни дена од понеделник до петок, од 07 - 15 часот.

 

Кон пријавата кандидатите треба да ја достават во оригинал или заверена на нотар следната докуменација:

  • Пријава со наведено работно место за кое се пријавуваат
  • CV – кратка биографија
  • Уверение за државјанство
  • Доказ за завршено образование
  • Доказ за работно искуство
  • Потврда дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност
  • Доказ за активно познавање на јазици
  • Доказ за активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење

Пријавите со потребната документација да се достават до ЈП „Национални шуми” – Скопје на ул.”Перо Наков” бр. 128 – 1000 Скопје.

Огласот трае 3 дена сметано од денот на објавување, односно најдоцна до 31.01.2020 година, а изборот ќе се изврши согласно законски пропишаните рокови.

Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.

 

ЈП „Национални шуми”- Скопје

 

Назад

Барање

Отчетност

Барање

Барање

Барање

МЖСПП

  • mkdsumi

Екологија

mkdsumi

повеќе

Монографија 1998-2018

  • mkdsumi

Монографија 1998-2008

  • mkdsumi

Списание

МКФФИС

  • mkdsumi

Контакт