ЈАВЕН ОГЛАС бр. 01/2019
Врз основа на член 37 – и став 1, 2 и 3 од Законот за јавните претпријатија (Сл.Весник на Р.М. бр. бр. 38/96, 6/02, 40/03, 49/06, 22/07, 83/09, 97/10, 6/12, 119/13, 41/14 и 138/14, 25/2015, 61/2015, 39/2016 и 64/2018) и член 22 точка 1 ал.3 од Законот за вработените во јавниот сектор (Сл.Весник на Р.М. бр. 27/2014, 199/2014, 27/2016 и 35/18) како и член 22 став 1 точка 1 и член 23 од Законот за работни односи (Службен весник на РМ 62/2005, 106/2008, 161/2008, 114/2009, 130/2009, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15 ,129/15, 27/16, 134/16 и 120/18), Јавното претпријатие за стопанисување со државни шуми „Македонски шуми“ - Скопје, објавува
ЈАВЕН ОГЛАС бр. 01/2019
За засновање на работен однос на определено време за 404 (четиристотини и четири) лица до 31.12.2019 година
Заради извршување на работи од сезонски карактер, за следните работни места:
- Сечач – 208 (двеста и осум) лица, со ниво на работно место Б04
- Дотурач – 115 (сто и петнаесет) лица, со ниво на работно место Б04 и
- Редач – Утоварач – Истоварач – 81 (осумдесет и едно) лице, со ниво на работно место В01;
Погоренаведените работни места се во групата на даватели на јавни услуги, за кои кандидатите треба да ги исполнуваат следните посебни услови:
- степен на образование – нк, ссз, ссс
- со и без работно искуство
Работните задачи за работно место сечач опфаќаат оборување, кроење и изработка на
шумски сортименти, за работно место дотурач пренос на дрвни сортименти и за работното место Редач – Утоварач – Истоварач опфаќа утоварање, растоварање и редење на дрва во шума и во магацин.
Месечната нето плата за работното место Сечач изнесува 16.890,оо денари, за работно место Дотурач изнесува 15.450,оо денари и за работното место Редач – Утоварач – Истоварач изнесува 14.880,оо денари.
Неделно работно време за ове работни места изнесува 40 часа, распоредено во 5 (пет) работни дена од понеделник до петок, од 07 - 15 часот. (Работните задачи се извршуваат исклучиво на терен).
Кон пријавата кандидатите треба да ги приложат и следните документи:
- Доказ за завршено образование и
- Уверение за државјанство.
Заинтересираните кандидати може да поднесат Пријава за вработување и истата може да
ја најдат на нашата веб страна.
Пријавите со потребната документација да се достават до ЈП „Македонски шуми” – Скопје
на ул.”Перо Наков” бр. 128 – 1000 Скопје.
Огласот трае 3 дена сметано од денот на објавување, односно најдоцна до 28.01.2019 година, а изборот ќе се изврши согласно законски пропишаните рокови.
Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.
ЈП”Македонски шуми”- Скопје
Назад