ЈАВЕН ОГЛАС бр. 04/2018
Врз основа на член 37 – и од Законот за јавните претпријатија (Сл.Весник на Р.М. бр. бр. 38/96, 6/02, 40/03, 49/06, 22/07, 83/09, 97/10, 6/12, 119/13, 41/14 и 138/14, 25/2015, 61/2015, 39/2016 и 64/2018) и член 22 од Законот за вработените во јавниот сектор (Сл.Весник на Р.М. бр. 27/2014, 199/2014, 27/2016 и 35/18) како и член 22 став 1 точка 1 и член 23 од Законот за работни односи (Сл.весник на РМ бр.129/2015 и 27/2016), ЈП ”Македонски шуми” - Скопје, објавува
ЈАВЕН ОГЛАС бр. 04/2018
За засновање на работен однос на определено време за 11 (единаесет) лица до 31.12.2018 година
Заради извршување на работи од сезонски карактер, за следните работни места:
- Сечач – 9 (девет) лица и
- Дотурач – 2 (две) лица;
Погоренаведените работни места се во групата на даватели на јавни услуги, ниво Б04 за кои кандидатите треба да ги исполнуваат следните посебни услови:
- степен на образование – нк, ссз, ссс
- со и без работно искуство
Работните задачи за работно место сечач опфаќаат оборување, кроење и изработка на шумски сортименти, а за работно место дотурач пренос на дрвни сортименти.
Месечната нето плата за работното место Сечач изнесува 16.890,оо денари, за работно место Дотурач изнесува 15.450,оо денари
Неделно работно време за ове работни места изнесува 40 часа, распоредено во 5 (пет) работни дена од понеделник до петок, од 07 - 15 часот. (Работните задачи се извршуваат исклучиво на терен).
Кон пријавата кандидатите треба да ги приложат и следните документи:
- Доказ за завршено образование и
- Уверение за државјанство.
Пријавите со потребната документација да се достават до ЈП ”Македонски шуми” – Скопје на ул.”Перо Наков” бр. 128 – 1000 Скопје.
Огласот трае 15 дена сметано од денот на објавување, односно најдоцна до 06.07.2018 година, а изборот ќе се изврши согласно законски пропишаните рокови.
Ненавремените и некомплетните пријави нема да се разгледуваат.
ЈП”Македонски шуми”- Скопје
Назад