ЈАВЕН ОГЛАС бр. 02-1/2018
Врз основа на член 22 став 1 точка 1 од Законот за работни односи (Сл.Весник на РМ бр.129/2015 и 27/2016) и член 20 – д ст.3 од Законот за вработените во јавниот сектор (Сл.Весник на РМ бр. 27/2014, 199/2014, 27/2016 и 35/18) ЈП ”Македонски шуми” - Скопје, објавува
ЈАВЕН ОГЛАС бр. 02-1/2018
За засновање на работен однос на неопределено време
(повторно објавување)
За следните работни места:
- За работно место Самостоен референт за користење, заштита и одгледување на шуми, ниво Б1 - завршен ВСС Шумарски факултет, со три години работно искуство и основна нето плата во износ од 25.530,оо денари – 5 (пет) извршители;
- За работно место Референт за користење на шуми и дотур, ниво Б1 - завршен ВСС Шумарски факултет, со три години работно искуство и основна нето плата во износ од 24.480,оо денари – 10 (десет) извршители;
- За работно место Шеф за заштита на шуми и екологија, ниво Б1 - завршен ВСС Шумарски факултет, со три години работно искуство и основна нето плата во износ од 25.530,оо денари – 1 (еден) извршител;
- За работно место Референт за превоз, ниво Б2 – стекното најмалку IV ниво на квалификации, четири годишно средно образование, со две години работно искуство - Шумарски техничар и основна нето плата во износ од 19.100,оо денари – 3 (три) извршители;
- За работно место Чувар на шуми – лиценца, ниво Б2 – стекното најмалку IV ниво на квалификации, четири годишно средно образование, со две години работно искуство - Шумарски техничар насока шумарство и основна нето плата во износ од 17.660,оо денари – 5 (пет) извршители;
- За работно место Шумски работник (редач, утоварач), ниво Б4 – стекното најмалку IV ниво на квалификации, четири годишно средно образование, со или без работно искуство и основна нето плата во износ од 14.880,оо денари – 7 (седум) извршители;
- За работно место Ракувач со градежна машина, ниво Б2 - стекното најмалку IV ниво на квалификации, четири годишно средно образование, со две години работно искуство и основна нето плата во износ од 19.100,оо денари – 1 (еден) извршител;
- За работно место Одржувач на пат, ниво Б4 – стекното најмалку IV ниво на квалификации, четири годишно средно образование, со или без работно искуство и основна нето плата во износ од 14.400,оо денари – 1 (еден) извршител;
Неделно работно време за ове работни места изнесува 40 часа, распоредено во 5 (пет) работни дена од понеделник до петок, од 07 - 15 часот.
Кон пријавата кандидатите треба да ги приложат и следните документи:
- Уверение за државјанство
- Доказ за завршено образование
- Доказ за работно искуство
- Доказ за општа здравствена способност за соодветното работно место
- Потврда дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност
Предвидените вработување согласно годишниот план на институцијата се за Албанци.
НАПОМЕНА: Поднесените пријави при првата објава на огласот ќе бидат земени во предвид при конечното рангирање.
Пријавите со потребната документација да се достават до ЈП ”Македонски шуми” – Скопје на ул.”Перо Наков” бр. 128 – 1000 Скопје.
Огласот трае 15 дена сметано од денот на објавување, односно најдоцна до 06.07.2018 година, а изборот ќе се изврши согласно законски пропишаните рокови.
Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.
ЈП”Македонски шуми”- Скопје
Назад