Информации

Отворена линија

02 155 22

24 ЧАСА НА ДЕН

Пријавете !!!

Mито, корупција, кражби на дрво и други злоупотреби во шума.

Галерија

Контакт

Централа: 02 2 581 080

Директор: 02 2 581 083

Факс: 02 2 581 824

komunikacii@mkdsumi.com.mk

Огласи

ЈАВЕН ОГЛАС бр. 03/2018

Врз основа на член 37 – и од Законот за јавните претпријатија (Сл.Весник на Р.М. бр. бр. 38/96, 6/02, 40/03, 49/06, 22/07, 83/09, 97/10, 6/12, 119/13, 41/14 и 138/14, 25/2015, 61/2015, и 39/2016) и член 20 – г од Законот за вработените во јавниот сектор (Сл.Весник на Р.М. бр. 27/2014, 199/2014 и 27/2016) ЈП ”Македонски шуми” - Скопје, објавува

 

  ЈАВЕН ОГЛАС бр. 03/2018

За засновање на работен однос на неопределено време

 

 

 

mkd shumi

 

 

 

 

 

 

Во Дирекцијата на ЈП „Македонски шуми“ – Скопје:

Едно (1) лице на работно место – Советник на директорот за одржување на опрема и возила со шифра КДР0305А0104

Општи услови

  • Да е државјанин на Република Македонија;
  • Да е полнолетен, да има општа здравствена способност за работното место;
  • Со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност

Посебни услови

  • Со степен на образование ВСС или најмалку 240 кредити стекнати  според ЕКТС или завршен VII/1 степен;
  • Вид на образование Шумарски факултет - шумарство и хортикултура, Економски факултет
  • Работно искуство најмалку четири години во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во јавен сектор, односно најмалку шест години работно искуство во струката и од кои најмалку три години на раководно работно место во приватен сектор;
  •  Активно познавање на компјутерски програми и канцелариско работење;
  • Дневно работно време 8 часа од 07:30 до 15:30; Неделно работно време 40 часа од понеделник до петок;

 

Основна нето плата  33.600,00 денари.

 

Предвиденото вработување согласно годишниот план на институцијата е за Македонец (ка).

 

Кон пријавата кандидатите треба да ги приложат и следните документи:

  • Уверение за државјанство
  • Доказ за завршено образование
  • Доказ за работно искуство
  • Доказ за општа здравствена способност за соодветното работно место
  • Потврда за познавање на компјутерски програми и канцелариско работење
  • Потврда дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност

Пријавите со потребната документација да се достават до ЈП ”Македонски шуми” – Скопје на ул.”Перо Наков” бр. 128 – 1000 Скопје.

 

Огласот трае 15 дена сметано од денот на објавување, односно најдоцна до 01.06.2018 година, а изборот ќе се изврши согласно законски пропишаните рокови.

Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.

 

 

                                                                                                                 ЈП”Македонски шуми”- Скопје

 

Назад

Барање

Отчетност

Барање

Барање

Барање

МЖСПП

  • mkdsumi

Екологија

mkdsumi

повеќе

Монографија 1998-2018

  • mkdsumi

Монографија 1998-2008

  • mkdsumi

Списание

МКФФИС

  • mkdsumi

Контакт