Информации

Отворена линија

02 155 22

24 ЧАСА НА ДЕН

Пријавете !!!

Mито, корупција, кражби на дрво и други злоупотреби во шума.

Галерија

Контакт

Централа: 02 2 581 080

Директор: 02 2 581 083

Факс: 02 2 581 824

komunikacii@mkdsumi.com.mk

Огласи

ЈАВЕН КОНКУРС

Врз основа на член 23 од Законот за јавните претпријатија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 38/96, 6/02, 40/03, 49/06, 22/07, 83/09, 97/10, 6/12, 119/13, 41/14, 138/14, 25/15, 61/15 и 39/16) и Одлуката на Управниот одбор за распишување на јавен конкурс бр.02-118/4 од 02.02.2018 година, ЈП ”Македонски шуми” - Скопје, објавува

mkd shumi

ЈАВЕН КОНКУРС

За избор на Директор на ЈП Македонски шуми – п.о. Скопје

 

Директорот се избира со мандат од 4 години.

 

Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат општите услови согласно закон како и посебните услови предвидени во актите на ЈП Македонски шуми – Скопје и тоа:

 

1.       Да е државјанин на Република Македонија,

2.       Да има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование, дипл.шум.инж., дипл.правник, дипл.екк.

3.       во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност,

4.       да има минимум пет години работно искуство,

5.       да поседува еден од следните меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години и тоа: ТОЕФЕЛ ИБТ (TOEFL iBT) - најмалку 74 бода, ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода, ИЛЕЦ (ILEC Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (B2) ниво, ФЦЕ (FCE Cambridge English: First) - положен или БУЛАТС (BULATS) со најмалку 60 бода

6.       да има положено психолошки тест и тест за интегритет

7.       Да  поседува менаџерски способности.

 

Рок за пријавување на кандидатите е 5 (пет) работни дена сметано од денот на објавување на јавниот оглас во дневните весници.

Кандидатите покрај  пријавата треба да достават:

·         Кратка биографија - CV

·         Докази за исполнување на  наведените  услови и тоа:

-  уверение за државјанство;

-  диплома  или  уверение за завршена  стручна подготовка;

- потврда од надлежен орган дека не му е изречена мерка забрана за вршење професија, дејност или должност;

-  потврда за работното искуство со бараната стручна подготовка;

- потврда за исполнување на условите за познавање на англиски јазик;

- доказ за положен психолошки тест и тест за интегритет;

- план и програма за работа на јавното претпријатие во наредните 4 (четири) години.

 

Доказите се доставуваат во оригинал или копие заверени на  нотар.

Ненавремените  и некомплетни  пријави нема да се разгледуваат.

Пријавата со документацијата се доставува во запечатен плик на адреса ЈП „Македонски  шуми“ ул. Перо Наков бр.128 (МЗТ Опрема) – Скопје  со назнака  „конкурс за директор до управен одбор“, преку пошта или во архивата на ЈП „Македонски шуми“ – Скопје, секој работен ден од 7,30-15,30 часот.

Назад

Барање

Отчетност

Барање

Барање

Барање

МЖСПП

  • mkdsumi

Екологија

mkdsumi

повеќе

Монографија 1998-2018

  • mkdsumi

Монографија 1998-2008

  • mkdsumi

Списание

МКФФИС

  • mkdsumi

Контакт