ОГЛАС За ангажирање на 8 (осум) лица
Јавното претпријатие за стопанисување со државни шуми “Македонски шуми” – Скопје објавува
ОГЛАС
За ангажирање на 8 (осум) лица
ЈП Македонски шуми – Скопје има потреба од ангажирање на 8 (осум) лица врз основа на договор за дело за период до 31.12.2016 година.
Ангажираните лица ќе извршуваат работни задачи во Секторот за уредување на шуми, ловишта и проектирање при Дирекцијата на ЈП Македонски шуми – Скопје.
Кандидатите потребно е да ги исполнуваат следните услови:
- Високо образование – Шумарски факултет
- Работа со компјутери
- Познавање на странски јазик
- Без работно искуство
Работните задачи се извршуваат во канцеларија и на терен.
Заинтересираните кандидати потребно е да ја достават следната документација:
- Кратка бииоргафија (CV) во која задолжително да се наведат контакт податоци
- Уверение за завршено образование
- Државјанство (копија),
Потребната документација да се достави до ЈП ”Македонски шуми” – Скопје на ул.”Перо Наков” бр. 128 – 1000 Скопје, со назнака “Договор за дело”.
Огласот трае 8 дена сметано од денот на објавување, односно најдоцна до 15.04.2016 година.
ЈП”Македонски шуми”- Скопје
Назад