ЈАВЕН ОГЛАС бр.3 ЗА ЗАСНОВАЊЕ НА РАБОТЕН ОДНОС
Врз основа на член 37 – и од Законот за јавните претпријатија (Сл.Весник на Р.М. бр. бр. 38/96, 6/02, 40/03, 49/06, 22/07, 83/09, 97/10, 6/12, 119/13, 41/14 и 138/14) и член 22 од Законот за вработените во јавниот сектор (Сл.Весник на Р.М. бр. 27/2014 и 199/2014) како и член 22 став 3 и член 23 од Законот за работни односи (Сл.весник на РМ бр.74/15), ЈП ”Македонски шуми” - Скопје, објавува
ЈАВЕН ОГЛАС бр.3
За засновање на работен однос на
определено за следните работни места:
1. Четириесет и осум (48) извршители на работно место – СЕЧАЧ
- Месечна нето плата 14.490,оо денари
Степен на образование – НК, ССЗ, ССС
2. Дваесет и шест (26) извршители на работно место – ДОТУРАЧ
- Месечна нето плата, 13.050,оо денари
- Степен на образование – НК, ССЗ, ССС
Работниот однос на определено време ќе се заснова за период до 31.12.2015 година.
Неделно работно време за ове работни места изнесува 40 часа, распоредено во 5 (пет) работни дена од понеделник до петок, од 07 - 15 часот. (Работните задачи се извршуваат исклучиво на терен)
Кон молбата кандидатите треба да ги приложат и следните документи:
- Доказ за завршено образование и
- Уверение за државјанство.
Огласот трае 5 работни дена сметано од наредниот ден од денот на објавување, а изборот ќе се изврши согласно законски пропишаните рокови.
Пријавите со потребната документација да се достават до ЈП ”Македонски шуми” – Скопје на ул.”Перо Наков” бр. 128 – 1000 Скопје.
Пријавите што нема да бидат поднесени во утврдениот рок и пријавите што не ги содржат бараните документи ќе се сметаат како ненавремени и некомплетни и тие нема да се разгледуваат.
ЈП”Македонски шуми”- Скопје
Назад