ПОВИК ЗА ИНТЕРЕС ЗА 2025
Се повикуваат сите заинтересирани коминтенти (купувачи) на огревно и техничко дрво да се пријават на повикот во ЈП”Национални шуми”. Јавното претпријатие на најтранспарентен начин отпочнува со склучување на купопродажни договори со сите заинтересирани субјекти кои ќе се пријават на овој повик и кои ги исполнуваат условите од повикот, прописите и критериуми донесени од претпријатието.
Субјектите кои се заинтересирани за склучување на купопродажни договори за 2025 година и кои ги исполнуваат критериумите можат да поднесат “БАРАЊЕ ЗА СКЛУЧУВАЊЕ НА ГОДИШНИ КУПОПРОДАЖНИ ДОГОВОРИ”.
Обрзецот на барањата може да се подигне од веб страната www.mkdsumi.com.mk, во Дирекцијата и Подружниците на Јавното претпријатие.
Во прилог на барањето за купување на техничко дрво треба да се достави:
- Тековна состојба од правното лице издадена од Централен регистар, не постара од 6 месеци
- ДРД образец издаден од Централен регистар
- Декларација за прием (заверен образец од банка депонент за последен исплатен личен доход по број на вработени)
- Изјава на купувачот во која пилана ќе се бичат трупците или потврда за сопствени капацитети
Во прилог на барањето за купување на огревно дрво треба да се достави:
- Решение за промет на дрво и дрвни сортименти издадено од МЗШВ
- Тековна состојба на правното лице издадена од Централен регистар, не постара од 6 месеци
- ДРД образец од Централен регистар
- Декларација за прием (заверен образец од банка депонент за последен исплатен личен доход по број на вработени)
- Доказ на купувачот дека во нивните складови имаат инсталирано линија за дрвни производи (дрво за преработка), имаат инсталирано линија за дрвни плочи, иверици, пелети, брикети и конфекциониран цепен огрев (палетиран, пакуван во вреќи или кутии).
Барањето со наведените документи од правните лица треба да се достави по пошта во Дирекцијата на ЈП”Национални шуми” бул. Свети Климет Охридски бр.68 Скопје или на е-mail milica.josifovska@mkdsumi.com.mk (за огревно дрво) и е-mail kostadinka.sokolovska@mkdsumi.com.mk (за техничко дрво).
Јавното претпријатие ЈП "Национални шуми" ќе прима барања за склучување на годишни купопродажни договори со купувачи кои немаат неподмирен долг и немаат спор со јавното претпријатие.
НАЧИНИ НА ПРОДАЖБА НА ДРВНИ СОРТИМЕНТИ:
Дрвните сортименти ќе се продаваат со:
- Рамковен договор за деловна соработка со годишни договори
- Годишен договор без рамковен договор
- Продажба на благајна – малопродажба
РАМКОВНИ ДОГОВОРИ за деловна соработка со годишни договори
Рамковните договори можат да се склучуваат на време од 10 години, независно од времето на склучување и тоа за количини до 70% од планираните годишни количини на производство на трупци, огревно дрво и биомаса.
- Право на рамковен договор имаат купувачи кои имаат сопствена пилана или повеќегодишен закуп на пилана. Сопственик на пилана дадена на повеќегодишен закуп нема право на рамковен договор. Препродажба на трупци не е дозволена, освен после искористеното право на првокупување од ЈП Национални шуми, по куповна цена од ЈП Национални шуми. Правните субјекти или поврзани правни субјекти во мнозинска сопственост на едно лице или поврзани лица се сметаат како еден субјект.
- Право на рамковен договор за купување на нестандардни дрвни производи (дрво за чипс - биомаса за зелена енергија) имаат купувачи кои во своите капацитети произведуваат зелена енергија (електична енергија-когенерација и/или топлинска енергија).
- Право на рамковен договор за купување на огревно дрво и дрво за производство на дрвни производи (дрво за преработка) имаат купувачи кои во своите капацитети произведуваат зелена енергија (електична енергија и/или топлинска енергија) на кои при процесот на согорувањето на дрвото имаат висок процентот на искористеност на произведената енергија, минимум 60%.
- Право на рамковен договор за купување на дрвни сортименти, дрво за производство на дрвни производи (дрво за преработка) и огревно дрво имаат купувачи кои во своите преработувачки капацитети имаат инсталирани линии за дрвени плочи, иверици, пелети, брикети, конфекциониран цепен огрев (палетиран, пакуван во вреќи и кутии) и производство на дрвен јаглен.
- Право на рамковен договор за купување на огревно дрво за конфекциониран огрев имаат правните субјекти кои ги исполнуваат одредбите согласно Законот за шумите.
Секој правен субјект склучува рамковен договор поединечно. Правниот субјект може да склучи само еден рамковен договор. Рокот на поднесување на барање за рамковен договор е од 15 до 31 декември.
Рамковниот договор се потпишува по подмирување на сите доспеани обврски (доколку постојат), но не покасно од предвидениот рок за склучување на рамковни договори.
Врз основа на рамковен договор, ќе се склучуваат годишни договори, во кои ќе се определат цената и количината на дрвните сортиментите на годишно ниво.
Барана количина во годишниот договор за следна година по индивидуален купувач не можат да бидат поголеми за повеќе од 10 % од купени или договорени сортименти во тековната година, но не поголеми од 10.000 м3 по купувач.
ГОДИШЕН ДОГОВОР НА ОСНОВА НА РАМКОВЕН ДОГОВОР
ПРОДАЖБА НА ТЕХНИЧКО ДРВО НА ПРАВНИ ЛИЦА
Врз основа на рамковен договор се поднесува барање за склучување на годишен договор. Барањата за склучување на годишен договор ќе се примаат до 31 декември во тековната за наредната година. Во Барањето се наведуваат: дрвен вид, квалитетни класи според потребите и намената, (техничко дрво за производство на фурнир, лупење, пилење, амбалажа и др.) и количините. Рок на склучување на годишниот купопродажен договор е во период до 31.01.2025 година.
ГОДИШНИ ДОГОВОРИ ЗА ТЕХНИЧКО ДРВО СО ПРАВНИ ЛИЦА (без рамковен договор)
- Право на годишен договор без рамковен договор имаат сите купувачи (долгогодишни и нови купувачи), врз основа на поднесено барање.
- Предност за склучување на годишен договор имаат правните лица кои се долгогодишни партнери на ЈП Национални шуми Скопје и немаат неподмирени долгови и не се наоѓаат на црна листа.
- Нови купувачи се сите оние купувачи кои немале договор со ЈП Национални шуми Скопје две години пред поднесување на барањето
- Рок на доставување на барање за склучување на годишен договор најдоцна до 31.12.2024 година.
- Рок на склучување на годишните договори е од 01 февруари и до исполнување на планираните количини на техничко дрво. Плаќањето на догорените количини ќе биде авансно, согласно утврдена месечна динамика за испорака на количините согласно договорот.
ГОДИШНИ ДОГОВОРИ ЗА ОГРЕВНО ДРВО СО ПРАВНИ ЛИЦА (без рамковен договор)
Правни субјекти кои имаат регистрирано склад за промет на дрво и дрвни сортименти
- Рок на доставување на барање за склучување на годишен договор најдоцна до 31.12.2024 година.
- Рок на склучување на годишни договори од 01.01.2025 година до исполнување на слободните планирани количини на огревно дрво.
ГОДИШНИ ДОГОВОРИ ЗА ПРОДАЖБА НА ОГРЕВНО ДРВО
НА ЗДРУЖЕНИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ, ИНВАЛИДИ НА ТРУДОТ И СИНДИКАТИ НА ПРАВНИ ЛИЦА
- Купопродажните договори за огревно дрво со здруженија на пензионери, инвалиди на трудот ќе се склучуваат со плаќање на рати, а последната рата да не биде подоцна од месец октомври во годината за која важи договорот.
- Купопродажните договори за огревно дрво со други здруженија и синдикати на правни лица се склучуваат со плаќање на рати, така што последната рата да не биде подоцна од месец октомври во годината за која важи договорот.
- Испораката ќе се врши исклучиво од склад на подружница, а согласно висината на уплатените средства, до исполнување на предвидените количини во договорот.
- Рок за аплицирање до 31.12.2024 година, а рок на склучување на договори од 01.01 - 31.01.2025 година.
ПРОДАЖБА НА ФИЗИЧКИ ЛИЦА
- Продажба на огревно дрво за физички лица може да се врши најмногу на 6 (шест) рати, за што одлука ќе донесе Директорот на ЈП, по претходно барање од страна на ПШС. Право на склучување на договори ќе имаат подружниците во кои се целосно подмирени обврските од изминатите години согласно договорите за физички лица и обврските од сите физички лица кои купиле огревно дрво за домаќинството.
- За Социјално ранливите категории на граѓани (социјални случаи, лицата со попреченост во развојот, деца без родители, самохрани родители и стечајни работници) и семејствата на бранителите, на вработени кои останале инвалиди на трудот и вработени кои загинале при работа, кои ќе купат огревно дрво во готово им следува попуст од 10%.
- Социјално ранливите категории на граѓани (социјални случаи, лицата со попреченост во развојот, деца без родители, самохрани родители и стечајни работници) и семејствата на бранителите можат да купуваат огревно дрво на 8 (осум) и повеќе рати без попуст.
Статусот на ранливите категории, се докажува со потврда од надлежната институција.
Рок за поднесување на апликација и склучување на договори е од 11.12.2024 година до исполнување на планираните количини на огревно дрво во ПШС или до 31.03.2025 година.
ЈП „Национални шуми“ - п.о. - Скопје
Назад