Јавен повик за набавка на службена униформа за чуварска служба за заштитените подрачја Осоговски Планини и Малешево
Референтен број 02-317/2 од 09.05.2022
Јавното претпријатие Национални шуми партнер спроведувач на Програмата за зачувување на природата во Република Северна Македонија (ПЗП), проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), објавува јавен повик за набавка на службена униформа за чуварска служба за заштитените подрачја Осоговски Планини и Малешево. Повикот го спроведува во рамки на проектот Зајакнување на капацитетите на ЈП “Национални шуми” за одржливо управување со заштитени подрачја “Осоговски Планини” и “Малешево”.
Заинтересираните субјекти потребно е да ја достават целокупната документација во електронска форма на е-маил адресата: beti.angelovska@mkdsumi.com.mk и по пошта или лично на следнава адреса: ЈП Национални шуми бул. Климент Охридски бр 68, 1000 Скопје, не подоцна од 30.05.2022година до 14:00 часот.
Документација за јавниот повик, вклучувајќи ги и критериумите за евалуација се достапни на интернет страната на ЈП Национални шуми www.mkdsumi.com.mk, како и на Програмата за зачувување на природата во Република Северна Македонија: http://www.bregalnica-ncp.mk/javni-povici/.
Заинтересираните субјекти може да поставуваат прашање исклучиво во пишана форма на следнава е-пошта: beti.angelovska@mkdsumi.com.mk најдоцна до 23.05.2022 година.
Назад