ПОВИК ЗА ИНТЕРЕС ЗА ОПОЖАРЕНА ДРВНА МАСА
ЈП”НАЦИОНАЛНИ ШУМИ’ - СКОПЈЕ
ПОВИК ЗА ИНТЕРЕС
Се повикуваат сите заинтересирани коминтенти (купувачи) да се пријават на повикот во ЈП”Национални шуми”. Јавното претпријатие на најтранспарентен начин отпочнува со склучување на купопродажни договори за опожарена дрвна маса на пенушка во ПШС “Голак” – Делчево, ПШС “Равна Река” - Пехчево и ПШС “Малешево” - Берово (опожарена во 2021 година) со сите заинтересирани субјекти кои ќе се пријават на овој повик и кои ги исполнуваат условите од повикот, прописите и критериуми донесени од претпријатието.
Субјектите кои се заинтересирани за склучување на купопродажни договори и кои ги исполнуваат критериумите можат да поднесат барање за склучување на договор за опожарена дрвна маса.
Правните субјекти за да се пријават на овој повик треба да имаат:
- инсталирано линија за дрвни производи (дрво за преработка),
- инсталирано линија за дрвни плочи, иверици, пелети, брикети и сл. или
- регистриран склад за продажба на дрво и дрвни сортименти.
Во прилог на барањето треба да се достави:
- Решение за промет на дрво и дрвни сортименти издадено од МЗШВ
- Тековна состојба на правното лице издадена од Централен регистар, не постара од 6 месеци
- ДРД образец од Централен регистар
- Декларација за прием (заверен образец од банка депонент за последен исплатен личен доход по број на вработени)
За подетални информации во врска со ШСЕ, оддел/пододдел, дрвни видови, дрвни сортименти, количини и цени може да се информирате во Подружниците на јавното претпријатие и тоа:
- ПШС “Голак” – Делчево раководител – директор Љупчо Петровски моб.070 302-732
- ПШС “Малешево” -Берово раководител – директор Владо Клинчарски моб.071 313-781
- ПШС “Равна Река”-Пехчево раководител – директор Глигор Пешначки моб.072 314-334
Обрзецот на барањата може да се подигне од веб страната www.mkdsumi.com.mk, во Дирекцијата и Подружниците на Јавното претпријатие.
Барањето со наведените документи од правните лица треба да се достави по пошта во Дирекцијата на ЈП”Национални шуми” бул.”Свети Колимент Охридски” бр.68 Скопје или на е-mail valentina.deribabova@mkdsumi.com.mk , е-mail kostadinka.sokolovska@mkdsumi.com.mk
Барањата да се достават најдоцна до 04.02.2022 година.
Јавното претпријатие "Национални шуми" ќе прима барања за склучување на купопродажни договори со купувачи кои немаат неподмирен долг и немаат спор со јавното претпријатие.
Директор,
Јулиана Николова
Назад