ЈАВЕН ПОВИК
За прибирање понуди за сертификација на органско производство
Се повикуваат сите заинтересирани сертификациски тела, акредитирани за вршење органска сертификација , во рок од 5 дена да достават „Понуди за органска сертификација“ во архивата на ЈП „Македонски шуми“ Скопје, ул.Перо Наков бр.128 (комплекс на МТЗ Скопје, Маџари).
Понудите треба да опфатат стручна контрола и сертификација на производство и преработка на медицински, ароматични и зачински растенија на површини од 1,0 хектар во с.Гиновци – Крива Паланка, и 0,5 хектари во с.Подареш – Радовиш.
ЈП „Македонски шуми“
Назад