ЈП”МАКЕДОНСКИ ШУМИ’ - СКОПЈЕ ПОВИК ЗА ИНТЕРЕС 2016
ЈП”Македонски шуми” – Скопје на транспарентен начин со овој јавен повик за интерес ги повикува сите заинтересирани коминтенти (купувачи) на огревно и техничко дрво да се пријават на овој повик на начин и под услови како што следи:
I. ПРОДАЖБА НА ТЕХНИЧКО ДРВО НА ПРАВНИ СУБЈЕКТИ
Се повикуваат сите заинтересирани субјекти кои имаат намера да склучат договори за купопродажба на техничко дрво за 2016 година, својот интерес да го достават во вид на барање (апликација) на начин и под следните услови:
1. Продажба на техничко дрво на правни субјекти по основ на рамковен договор
Сите правни субјекти кои имаат склучено рамковен договор, барањето за склучување на годишен купопродажен договор за техничко дрво за 2016 година, под услови согласно Правилникот за продажба на дрвни сортименти, да го достават најдоцна до 15.02.2016 година.
2. Продажба на техничко дрво на правни субјекти кои немаат склучено рамковен договор (со годишен договор)
Сите правни субјекти барањето за склучување на годишен купопродажен договор за техничко дрво за 2016 година, под услови согласно Правилникот за продажба на дрвни сортименти, да ги достават најдоцна до крајот на месец февруари 2016 година.
По истекот на овој рок нема да се примаат нови барања, освен за новоотворени дрвопреработувачки капацитети.
Во прилог на барањето за техничко дрво треба да се достави:
· Тековна состојба од правното лице од Централен регистар не постара од 6 месеци
· ДРД обрзаец од Централен регистар
· Заверен образец за последен исплатен личен доход по број на вработени
- Да ги имаат измирено сите обврски за претходните договори и да немаат долг кон ЈП во моментот на аплицирањето
Барањето од правниот субјект со наведените документи треба да се достави по пошта во Дирекцијата на ЈП”Македонски шуми” ул.Перо Наков бр.128 Скопје или на е-mail kostadinka.sokolovska@mkdsumi.com.mk.
II. ПРОДАЖБА НА ОГРЕВНО ДРВО
Сите заинтересирани субјекти кои имаат намера да склучат договори за купопродажба на огревно дрво за 2016 година, треба својот интерес да го достават во вид на барање (апликација) на начин и под следните услови:
1. Продажна на огревно дрво на правни субјекти (здруженија, синдикати и субјекти кои огревното дрво го користат во процесот на производство и за затоплување)
Се повикуваат сите заинтересирани правни субјекти (здруженија, синдикати и субјекти кои огревното дрво го користат во процесот на производство и за затоплување) кои имаат намера да склучат договори за купопродажба на огревно дрво за 2016 година, својот интерес да го достават во вид на барање (апликација) најдоцна до 15.02.2016 година во подружниците на ЈП. По истекот на овој рок нема да се примаат нови барања.
Услови:
- огревното дрво да се купи од шумски склад на ПШС
- Кон барањето да приложат заверена изјава на нотар за која намена ќе го користат огревното дрво
- Кон барањето да приложат тековна состојба, жиро сметка и доказ за овластено лице
- Кон барањето да се приложи список на пензионери со прилог чек од пензија
- Да ги имаат измирено сите обврски за претходните договори и да немаат долг кон ЈП во моментот на аплицирањето
2. Продажба на огревно дрво на правни субјекти кои се регистрирани за промет на дрво и дрвни сортименти
Се повикуваат сите заинтересирани правни субјекти кои се регистрирани за промет на дрво и дрвни сортименти и имаат намера да склучат договори за купопродажба на огревно дрво за 2016 година, својот интерес да го достават во вид на барање (апликација) најдоцна до 31.03.2016 година во дирекцијата на ЈП.
По истекот на овој рок нема да се примаат нови барања.
Кон барањето да достават:
- Документ дека правното лице има регистриран склад за продажба на дрвни сортименти
- Тековна состојба на правното лице од Централен регистар не постара од 6 месеци
- ДРД образец од Централен регистар
- Заверен образец за последен исплатен личен доход
- Да достави писмена изјава заверена на нотар со која се обврзува дека максималната цена на продажба нама да биде повисока од 3.000 денари/метар просторен за даб и 2.900,00 денари/метар просторен за бука
- Да достави писмена изјава заверена на нотар со која се согласува ЈП “Mакедонски шуми” да му задржи 10% од вкупно уплатената сума по договорот доколку не го исполни условот од претходната точка за максимална цена на продажба.
Барањето од правниот субјект со потребните документи треба да се достави по пошта во Дирекцијата на ЈП”Македонски шуми” ул.Перо Наков бр.128 Скопје или на е-mail spasen.mihajlovski@mkdsumi.com.mk.
3. Продажба на огревно дрво на физички лица
3.1 Продажба на физички лица пензионери и инвалиди
Се повикуваат сите заинтересирани физички лица (пензионери и инвалиди) кои имаат намера да склучат договори за купопродажба на огревно дрво за 2016 година, својот интерес да го достават во вид на барање (апликација) најдоцна до 15.03.2016 година во подружниците на ЈП. По истекот на овој рок нема да се примаат нови барања.
Услови:
- Огревното дрво може да се купи до 8 (осум) рати, со тоа што првата рата се плаќа веднаш при склучување на договорот, а испораката може да започне со отплата на половина од договорената количина
- Со барањето (апликацијата) да се приложи чек од пензија или решение за инвалидност
3.2 Продажнба на огревно дрво на физички лица од социјални ранливи категори (социјални случаи, лицата со попреченост во развојот, деца без родители, самохрани родители, стечајни работници, семејствата на бранителите, членови од семејствата на вработени кои загинале при работа)
Се повикуваат сите заинтересирани социјални ранливи категории кои имаат намера да склучат договори за купопродажба на огревно дрво за 2016 година, својот интерес да го достават во вид на барање (апликација) најдоцна до 15.03.2016 година во подружниците на ЈП. По истекот на овој рок нема да се примаат нови барања.
Услови:
- Да достават потврда од надлежна институција за докажување на статусот
- Огревното дрво може да се купи до 8 (осум) рати со тоа што првата рата се плаќа веднаш при склучување на договорот
- Огревното дрво може да се купи со 10% попуст за плаќање во готово
3.3 Продажба на огревно дрво на физички лица
Се повикуваат сите заинтересирани физички лица кои имаат намера да склучат договори за купопродажба на огревно дрво за 2016 година, својот интерес да го достават во вид на барање (апликација) најдоцна до 15.03.2016 година во подружниците на ЈП. По истекот на овој рок нема да се примаат нови барања.
- Огревното дрво може да го купат на рати и тоа до 5 (пет) рати или со готовинска уплата. Првата рата се плаќа веднаш при склучување на договорот, а испораката може да започне со отплата на последната рата. Предност при испораката ќе имаат сите кои ја уплатиле целата вредност на договорената количина во готово.
Договорите ќе може да се склучуваат по приемот на барањето (апликацијата). Без апликација нема да се пристапи кон склучување на договор.
За подетални информации заинтересираните можат да се јават во дирекцијата на ЈП”Македонски шуми” – Скопје, Сектор за комерцијални работи на тел.02/2581-080 локал-125.
Барање за огревно дрво (синдикати, здруженија и др. правни лица)
Барање за огревно дрво за физички лица
Барање за огревно дрво за физички лица пензионери и инвалиди на трудот
Барање за огревно дрво за физички лица социјални ранливи категории
Барање за огревно дрво Правни Субјекти - Регистрирани складови
Назад