ПОВИК ЗА ИНТЕРЕС ЗА СКЛУЧУВАЊЕ НА ГОДИШНИ КУПОПРОДАЖНИ ДОГОВОРИ
ЈП ”НАЦИОНАЛНИ ШУМИ’ – СКОПЈЕ
ПОВИК ЗА ИНТЕРЕС
Се повикуваат сите заинтересирани коминтенти (купувачи) на огревно и техничко дрво да се пријават на повикот во ЈП „Национални шуми”. Јавното претпријатие на најтранспарентен начин отпочнува со склучување на купопродажни договори со сите заинтересирани субјекти кои ќе се пријават на овој повик и кои ги исполнуваат условите од повикот, прописите и критериуми донесени од претпријатието.
Субјектите кои се заинтересирани за склучување на купопродажни договори за 2026 година и кои ги исполнуваат критериумите можат да поднесат БАРАЊЕ ЗА СКЛУЧУВАЊЕ НА ГОДИШНИ КУПОПРОДАЖНИ ДОГОВОРИ.
Обрзецот на барањата може да се подигне од веб страната www.mkdsumi.com.mk, во Дирекцијата и Подружниците на Јавното претпријатие.
Во прилог на барањето за купување на техничко дрво треба да се достави:
- Тековна состојба од правното лице издадена од Централен регистар, не постара од 6 месеци
- ДРД образец издаден од Централен регистар
- Декларација за прием (заверен образец од банка депонент за последен исплатен личен доход по број на вработени)
- Изјава на купувачот во која пилана ќе се бичат трупците или потврда за сопствени капацитети
Во прилог на барањето за купување на огревно дрво треба да се достави:
- Решение за промет на дрво и дрвни сортименти издадено од МЗШВ
- Тековна состојба на правното лице издадена од Централен регистар, не постара од 6 месеци
- ДРД образец од Централен регистар
- Декларација за прием (заверен образец од банка депонент за последен исплатен личен доход по број на вработени)
- Доказ на купувачот дека во нивните складови имаат инсталирано линија за дрвни производи (дрво за преработка), имаат инсталирано линија за дрвни плочи, иверици, пелети, брикети и конфекциониран цепен огрев (палетиран, пакуван во вреќи или кутии).
Барањето со наведените документи од правните лица треба да се достави по пошта во Дирекцијата на ЈП”Национални шуми” бул. Свети Климет Охридски бр.68 Скопје или на е-mail milica.josifovska@mkdsumi.com.mk (за огревно дрво) и е-mail kostadinka.sokolovska@mkdsumi.com.mk; trpe.misajlovski@mkdsumi.com.mk (за техничко дрво).
Јавното претпријатие ЈП „Национални шуми" ќе прима барања за склучување на годишни купопродажни договори со купувачи кои немаат неподмирен долг и немаат спор со јавното претпријатие.
НАЧИНИ НА ПРОДАЖБА НА ДРВНИ СОРТИМЕНТИ
Дрвните сортименти се продаваат соглано Правилник за продажба на главни шумски производи на ЈП „Национални шуми” бр.02-610/3 од 26.11.2025 година со:
- Рамковен договор за деловна соработка со годишни договори;
- Годишен договор без рамковен договор;
- Задолжение за продажба на дрвни сортименти (огревно и техничко дрво);
- Годишни договори за продажба на огревно и техничко дрво со физички лица и правни лица за сопствени потреби.
РАМКОВНИ ДОГОВОРИ за деловна соработка со годишни договори
Рамковните договори можат да се склучуваат на време од 10 години, независно од времето на склучување и тоа за количини до 70% од планираните годишни количини на производство на трупци, огревно дрво и биомаса.
- Право на рамковен договор имаат купувачи кои имаат сопствена пилана или повеќегодишен закуп на пилана. Сопственик на пилана дадена на повеќегодишен закуп нема право на рамковен договор. Препродажба на трупци не е дозволена.
Правни субјекти или поврзани правни субјекти во мнозинска сопственост на едно лице или поврзани лица се сметаат како еден субјект.
- Право на рамковен договор за купување на нестандардни дрвни производи (дрва за чипс, биомаса за зелена енергија) имаат купувачи кои во своите капацитети произведуваат зелена енергија (електрична енергија и/или топлинска енергија).
- Право на рамковен договор за купување на огревно дрво и дрва за производство на дрвни производи (дрва за преработка) имаат купувачи кои во своите капацитети произведуваат зелена енергија (електрична енергија и/или топлинска енергија) кај кои при процесот на согорувањето на дрвото имаат висок процент на искористеност на произведената енергија минимум 60%.
Дрва за зелена енергија имаат право да купуваат само инсталираните капацитети за производство на електрична и/или топлинска енергија и капацитетите кои ја отпочнале изградбата, согласно важечката регулатива и добиле дозвола од Регулаторна Комисија за енергетика на Република Северна Македонија.
- Право на рамковен договор за купување на дрвни сортименти, дрва за производство на дрвни производи (дрва за преработка) и огревно дрво имаат купувачи кои во своите праработувачки капацитети имаат инсталирани линии за дрвени плочи, иверици, пелети, брикети, конфекциониран цепен огрев (палетиран пакуван во вреќи и кутии) и производство на дрвен јаглен.
- Право на рамковен договор за купување на огревно дрво за конфекциониран огрев имаат правните субјекти кои ги исполнуваат одредбите согласно Законот за шумите.
Секој правен субјект склучува рамковен договор поединечно. Правниот субјект може да склучи само еден рамковен договор. Рокот на поднесување на барање за рамковен договор е од 15 до 31 декември.
Рамковниот договор се потпишува по подмирување на сите доспеани обврски (доколку постојат), но не покасно од предвидениот рок за склучување на рамковни договори.
Врз основа на рамковен договор, ќе се склучуваат годишни договори, во кои ќе се определат цената и количината на дрвните сортиментите на годишно ниво.
ГОДИШЕН ДОГОВОР НА ОСНОВА НА РАМКОВЕН ДОГОВОР
ПРОДАЖБА НА ТЕХНИЧКО ДРВО НА ПРАВНИ ЛИЦА
Врз основа на рамковен договор се поднесува барање за склучување на годишен договор. Барањата за склучување на годишен договор ќе се примаат до 31 декември во тековната за наредната година. Во Барањето се наведуваат: дрвен вид, квалитетни класи според потребите и намената, (техничко дрво за производство на фурнир, лупење, пилење, амбалажа и др.) и количините.
Рок на склучување на годишниот купопродажен договор е во период до 31.01.2026 година.
Начинот на плаќање за склучување на годишен договор е авансна уплата во висина од 30% од вкупната вредност на договорот и понатамошни авансни уплати пред испораката.
ГОДИШНИ ДОГОВОРИ ЗА ТЕХНИЧКО ДРВО СО ПРАВНИ ЛИЦА (без рамковен договор)
- Право на годишен договор без рамковен договор имаат сите купувачи (долгогодишни и нови купувачи), врз основа на поднесено барање.
- Годишни купопродажни договори се склучуваат за количини на дрвни сортименти над 100м3. Со еден купувач може да се склучат повќе купопродажни договори во тековната година. Овие договори се склучуваат според предвидениот план и динамика за производство на дрвни сортименти.
- Предност за склучување на годишен договор имаат правните лица кои се долгогодишни партнери на ЈП „Национални шуми“ – Скопје и немаат неподмирени долгови и не се наоѓаат на црна листа.
- Нови купувачи се сите оние купувачи кои немале договор со ЈП Национални шуми Скопје две години пред поднесување на барањето
- Рок на доставување на барање за склучување на годишен договор е од 15.12.2025 година.
Рок на склучување на годишните договори е од 01 февруари до исполнување на планираните количини на техничко дрво. Начинот на плаќање за склучување на годишен договор е авансна уплата во висина од 20% од вкупната вредност на договорот и понатамошни авансни уплати пред испораката.
ГОДИШНИ ДОГОВОРИ ЗА ОГРЕВНО ДРВО СО ПРАВНИ ЛИЦА КОИ СЕ РЕГИСТРИРАНИ ЗА ПРОМЕТ НА ДРВО И ДРВНИ СОРТИМЕНТИ
Годишни купопродажни договори се склучуваат за количини на дрвни сортименти над 100 m3. Со еден купувач може да се склучат повќе купопродажни договори во тековната година. Овие договори се склучуваат според предвидениот план и динамика за производство на дрвни сортименти.
Плаќањето на договорените количини е авансно за вкупната вредност на договорот.
Во годишното барањето се наведуваат: дрвен вид, класа, количина и динамика на испорака.
Рок на доставување на годишните барање за склучување на купопродажни договори е од 15.12.2025 година.
Договор за купопродажба на огревно дрво се склучува согласно чл.20 од Правилник за продажба на главни шумски производи на ЈП „Национални шуми” бр.02-610/3 од 26.11.2025 година кој гласи:
Подружницата доставува Известување до Дирекцијата на ЈП „Национални шуми” п.о. – Скопје до Секторот за комерцијални работи за слободни количини на огревно дрво за кои може да се склучи договор со правни лица од шумски склад или склад на подружница. Известувањето ги содржи следните податоци:
- Шумскостопанска единица, оддел/пододдел со количина на огревно дрво по дрвен вид и квалитетна класа.
- Огревното дрво кое е предмет на продажба, се наведува по кој договор за вршење на шумско културни работи (за сеча и дотур) е произведено или пак е произведено со сопствени работници.
За склучување на купопродажен договор купувачот треба да достави ново барање, во кое ќе биде наведено со која Подружница сака да склучи договор, од која Шумскостопанска единица, оддел/пододдел со количина на огревно дрво по дрвен вид и квалитетна класа.
Доставеното Известување од ПШС и Барањето од купувач со бараните податоци се разгледуваат и одобруваат од Секторот за комерцијални работи.
- Рок на склучување на купопродажни договори e од 01.01.2026 година до исполнување на слободните планирани количини на огревно дрво согласно предвидениот план и динамика за производство на дрвни сортименти.
ГОДИШНИ ДОГОВОРИ ЗА ПРОДАЖБА НА ОГРЕВНО ДРВО
НА ЗДРУЖЕНИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ, ИНВАЛИДИ НА ТРУДОТ И СИНДИКАТИ НА ПРАВНИ ЛИЦА
- Купопродажните договори за огревно дрво со здруженија на пензионери, инвалиди на трудот ќе се склучуваат со плаќање на рати, а последната рата да не биде подоцна од месец октомври во годината за која важи договорот.
- Купопродажните договори за огревно дрво со други здруженија и синдикати на правни лица се склучуваат со плаќање на рати, така што последната рата да не биде подоцна од месец октомври во годината за која важи договорот.
- Испораката ќе се врши исклучиво од склад на подружница, а согласно висината на уплатените средства, до исполнување на предвидените количини во договорот.
- Рок за аплицирање до 31.12.2025 година, а рок на склучување на договори од 01.01 – 31.03.2026 година.
ПРОДАЖБА НА ОГРЕВНО ДРВО НА ФИЗИЧКИ ЛИЦА
- Продажба на огревно дрво на физички лица може да се врши на најмногу 6 (шест) рати. Подружниците имаат право да склучуваат договори со физички лица кои целосно ги имаат исплатено обврските од минатите години согласно договорите за физички лица.
- За социјално ранливите категории на граѓани (социјални случаи, лица со попреченост во развојот, деца без родители, самохрани родители, телесни инвалиди и стечајни работници) и семејства на бранителите, на вработени кои останале инвалиди на трудот и вработени кои загинале при работа, при купување на огревно дрво до 10 m3 во готово и на рати им следува попуст од 10%, кој за купувањето на рати ќе се пресметува при уплата на последната рата.
Статусот на ранливите категории, се докажува со потврда од надлежната институција.
Рок за поднесување на апликација и склучување на договори е од 15.12.2025 година до исполнување на планираните количини на огревно дрво во ПШС.
ЈП „Национални шуми“ - п.о. - Скопје
Назад







