Информации

Отворена линија

02 155 22

24 ЧАСА НА ДЕН

Пријавете !!!

Mито, корупција, кражби на дрво и други злоупотреби во шума.

Галерија

Контакт

Централа: 02 2 581 080

Директор: 02 2 581 083

Факс: 02 2 581 824

komunikacii@mkdsumi.com.mk

Актуелности

Јубилеј “10 години од постоењето на ЈП Македонски шуми“

Стопанисувањето со шумите во Република Македонија е засновано врз комплексност, многуфункционалност и трајност во производството, при што се води сметка за здравиот однос кон шумите, еколошките принципи за зачувување на животната средина и нега и обновување на шумите.

Економската, социјалната и еколошката функција на шумите се од огромно значење за одржливиот развој на општеството и за подобрување на квалитетот на животот, особено во руралните и планинскитеподрачја.

Со државните шуми во Република Македонија стопанисува Јавното претријатие за стопанусување со шуми во државна сопственост "Македонски шуми", кое во 2008. година  го прослави својот јубилеј  - 10 години од постоењето.

            ЈП"Македонски шуми" е формирано со одлука на Владата на Република Македонија од 15. 12. 1997. година, а со работа започна на 01. 07. 1998. како правен следбеник на повеќе стопански објекти кои до формирањето стопанисуваа со државните шуми.

Бројните негативни појави во развојот на севкупното општество и економијата, влијаеа и на шумарскиот сектор. И покрај тешката економска положба и наследените дубиози ЈП"Македонски шуми"  функционира  како важен стопански субјект во Република Македонија, следејќи ги политичките и економските промени во Република Македонија во согласност со евроинтеграциските процеси кои налагаат приоритети и фокусирање наопштокорисните функции на шумата и нејзиното стопанисување, интегрирајќи се во многу поширок контекст во кој заштитата и грижата за природата и животна средина се ставени во прв план.

Во јубилејната година од постоењето на   ЈП"Македонски шуми"  е прогласен месец на дрвото кој започна со одржувањето на традиционалната манифестација "Денови на шумарството", кои се одржаа по 42. пат, продолжи со  активно учество во акцијата   "Ден на дрвото - засади ја својата иднина", на 19. ноември, 2008 година, а крајот беше одбележан со промоција на Монографијата "ЈП Македонски шуми 1998-2008година" и одржување на Свечена академија на 12. декември, 2008. година.

На јубилејната прослава учествуваа гости од државниот врв на Република Македонија, министерот Ацо Спасеноски, претставници од МЗШВ, Сектор за шумарство, Шумска полиција, Републички инспекторат за шумарство, Шумарски факултет, Синдикат за шумарство, дрвна индустрија и енергетика, Ден на дрвото, претставникот на МПЦ, митрополитот г-динКирил, претставници на други релевантни институции од државата, претставници на сите подружници, пензионирани шумари.

Свечената програма започна со промоција на монографијата "ЈП Македонски шуми 1998-2008", од страна на Ангеле Спировски - советник на директорот и еден од рецензентите на ова капитално дело кое го следи и илустрира развојот и работата на јавното претпријатие за последните 10 години,  и за првпат на едно место се претставени  сите подружници кои работатат во рамките на претпријатието.

Потоа на присутните им се обрати министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ацо Спасеноски, кој ја нагласи важноста на шумарството во стопанството на РМ, како и приоритетите кои ги поставува МЗШВ за развојната стратегија на шумарството.

Генералниот директор на ЈП"Македонски шуми", г-дин Владимир Бахчовановски, ги поздрави присутните и ги покани помошниците и раководителите на подружниците, нагласувајќи ја тимската работа на претпријатието. Во своето обраќање, тој ги поздрави присутните гости и им посака срдечно добредојде, а во своето обраќање нагласи:

"Привилегија и чест,  но истовремено и голема одговорност да се биде на чело оваа голема институција. Предизвикот да се решат сите недостатоци во досегашното работење е сериозна одлука, но со визија и цврста решеност и во соработка со менаџерскиот тим и поддршка на подружниците, успеавме да надминеме некои од натрупаните проблеми.

Токму во јубилејната година бележиме бројни успеси во интерното работење на претпријатието кои се гледаат пред се во подобрената финансиска кондиција на претпријатието, редовно плаќање на придонесите и исплаќање на заостанати придонеси и кредити, воведување и натамошен развој на информатичката технологија во интерес на поефикасно работење, 100 % реализација на наплатата на побарувањата, редовно исплаќање на изведувачите на фазите сеча, дотур и превоз и други резултати на позитивно работење кои во догледно време ЈП "Македонски шуми" ќе ја доведат на ниво на модерна, успешна компанија."

"Во 2000. година, со поддршка на Владата на Република Македонија, треба да се направи трансформација на ЈП " Македонски шуми" , со надеж за што побезболно решавање на статусот на вработените." На крајот, генералниот директор на ЈП " Македонски шуми" , Владимир Бахчовановски, заклучи: "Силно верувам, дека со евидентната поддршка од Владата на РМ  и со наша заедничка посветеност, шумарството ќе  го искачиме на местото  кое го заслужува, а од ЈП " Македонски шуми", ќе направиме претпријатие кое ќе биде меѓу првите пет најдобри фирми во стопанството на државата."

На свечената академија, по повод 10 години од постоењето на ЈП "Македонски шуми"беа доделени јубилејни плакетии благодарници на релевантни институции од државата, соработници на јавното претпријатие, пензионирани шумари и други поединци кои дале свој придонес во развојот на претпријатието.На свеченета академија беше изведена пригодна уметничка програма од Мандолинскиот оркестар "Скопје" и етно група на Јордан Митев.

На крајот, присутните беа поканети на свечен и богат коктел во просториите на Домот на АРМ, каде покрај богатата трпеза се разменија искуства и мислења меѓу присутните.

Назад

Барање

Отчетност

Барање

Барање

Барање

МЖСПП

  • mkdsumi

Екологија

mkdsumi

повеќе

Монографија 1998-2018

  • mkdsumi

Монографија 1998-2008

  • mkdsumi

Списание

МКФФИС

  • mkdsumi

Контакт