ЈАВЕН ОГЛАС бр.4 ЗА ЗАСНОВАЊЕ НА РАБОТЕН ОДНОС
Врз основа на Правилник за систематизација на работни места при ЈП “Македонки шуми” – Скопје, член 22 од Законот за вработените во јавниот сектор (Сл.Весник на Р.М. бр. 27/2014 и 199/2014) како и член 22 став 1 и член 23 од Законот за работни односи (Сл.весник на РМ бр.74/15), ЈП ”Македонски шуми” - Скопје, објавува:
ЈАВЕН ОГЛАС бр.4
За засновање на работен однос на определено време
за следните работни места:
1. Еден (1) извршители на работно место – Референт за користење на шуми и дотур во Подружница ШС “Караџица” - Скопје
- Месечна нето плата 22.080,оо денари
- Степен на образование – ВСС
2. Еден (1) извршител на работно место – Соработник за застапување, правни работи и човечки ресурси во Подружница ШС “Демир Капија” – Демир Капија
- Месечна нето плата 22.080,оо денари
- Степен на образование – ВСС
Работниот однос на определено време ќе се заснова за период до 31.12.2015 година.
Неделно работно време за ове работни места изнесува 40 часа, распоредено во 5 (пет) работни дена од понеделник до петок, од 07 - 15 часот.
Кон молбата кандидатите треба да ги приложат и следните документи:
- Доказ за завршено образование и
- Уверение за државјанство.
Огласот трае 5 работни дена сметано од наредниот ден од денот на објавување, а изборот ќе се изврши согласно законски пропишаните рокови.
Пријавите со потребната документација да се достават до ЈП ”Македонски шуми” – Скопје на ул.”Перо Наков” бр. 128 – 1000 Скопје.
Пријавите што нема да бидат поднесени во утврдениот рок и пријавите што не ги содржат бараните документи ќе се сметаат како ненавремени и некомплетни и тие нема да се разгледуваат.
ЈП”Македонски шуми”- Скопје
Назад