Информации

Пребарување

Loading

Отворена линија

02 155 22

24 ЧАСА НА ДЕН

Пријавете !!!

Mито, корупција, кражби на дрво и други злоупотреби во шума.

Галерија

Контакт

Централа: 02 2 581 080

Директор: 02 2 581 083

Факс: 02 2 581 824

komunikacii@mkdsumi.com.mk

Актуелности

ЈАВЕН ОГЛАС бр.3 ЗА ЗАСНОВАЊЕ НА РАБОТЕН ОДНОС

Врз основа на член 37 – и од Законот за јавните претпријатија (Сл.Весник на Р.М. бр. бр. 38/96, 6/02, 40/03, 49/06, 22/07, 83/09, 97/10, 6/12, 119/13, 41/14 и 138/14) и член 22 од Законот за вработените во јавниот сектор (Сл.Весник на Р.М. бр. 27/2014 и 199/2014) како и член 22 став 3 и член 23 од Законот за работни односи (Сл.весник на РМ бр.74/15), ЈП ”Македонски шуми” - Скопје, објавува

 

 

ЈАВЕН ОГЛАС бр.3

За засновање на работен однос на

определено за следните работни места:

 

1.     Четириесет и осум (48) извршители на работно место – СЕЧАЧ

-       Месечна нето плата 14.490,оо денари

Степен на образование – НК, ССЗ, ССС

 

2.     Дваесет и шест (26) извршители на работно место – ДОТУРАЧ

-       Месечна нето плата, 13.050,оо денари

-       Степен на образование – НК, ССЗ, ССС

 

Работниот однос на определено време ќе се заснова за период до 31.12.2015 година.  

Неделно работно време за ове работни места изнесува 40 часа, распоредено во 5 (пет) работни дена од понеделник до петок, од 07 - 15 часот. (Работните задачи се извршуваат исклучиво на терен)

 

Кон молбата кандидатите треба да ги приложат и следните документи:

-       Доказ за завршено образование и

-       Уверение за државјанство.

 

Огласот трае 5 работни дена сметано од наредниот ден од денот на објавување, а изборот ќе се изврши согласно законски пропишаните рокови.

 

Пријавите со потребната документација да се достават до ЈП ”Македонски шуми” – Скопје на ул.”Перо Наков” бр. 128 – 1000 Скопје.

 

Пријавите што нема да бидат поднесени во утврдениот рок и пријавите што не ги содржат бараните документи ќе се сметаат како ненавремени и некомплетни и тие нема да се разгледуваат.

 

 

                      ЈПМакедонски шуми”- Скопје

Назад

Барање

Барање

Екологија

mkdsumi

повеќе

Монографија

  • mkdsumi

Списание

СИЗП

  • mkdsumi

МКФФИС

  • mkdsumi

Контакт