ОГЛАС ЗА ПРОДАЖБА НА ОГРЕВНО ДРВО
Врз основа на Заклучок од Владата на Република Македонија од стотата седница одржана на 27.08.2015 година, Точка 1 Став 2, Јавното претпријатие за стопанисување со државни шуми “Македонски шуми” Скопје, објавува:
ОГЛАС ЗА ПРОДАЖБА НА ОГРЕВНО ДРВО
Јавното претпријатие за стопанисување со државни шуми “Македонски шуми” Скопје врши продажба на огревно дрво покрај пенушка соборено, се повикуваат сите заинтересирани правни субјекти кои вршат промет на дрво и дрвни сортименти да се пријават на огласот.
Услови за учество на овој оглас се :
- правни субјекти да поседуваат решение за промет на дрво и дрвни сортименти.
- правното лице кое ќе склучи договор се обврзува дека максималната малопродажна цена на огревното дрво (испорачано до купувач) ќе биде 3.000,00 денари по метар просторен за даб и 2.900,00 денари по метар просторен за бука (цена со ДДВ).
Цените на огревното дрво по овој оглас се согласно важечкиот Ценовник на цени на главни шумски производи.
Количините на огревно дрво по подружници се ограничени.
Заинтересираните правни субјекти да се пријават на огласот во рок од 5 дена во подружниците кои работат во составот на ЈП”Македонски шуми” - Скопје.
ЈП Македонски шуми Скопје
Назад