Информации

Отворена линија

02 155 22

24 ЧАСА НА ДЕН

Пријавете !!!

Mито, корупција, кражби на дрво и други злоупотреби во шума.

Галерија

Контакт

Централа: 02 2 581 080

Директор: 02 2 581 083

Факс: 02 2 581 824

komunikacii@mkdsumi.com.mk

Актуелности

СООПШТЕНИЕ

Согласно заклучоците од Осумдесет и деветтата седница на Владата на Република Македонија

Согласно заклучоците од Осумдесет и деветтата седница на Владата на Република Македонија, одржана на 21.07.2015 година ja информираме јавноста дека:

1. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, за периодот од 22.07.2015 година до 5.08.2015 година воведе ограничување на движењето на сите лица во шумите во шумскиот појас, во термин од 7 часот наутро до 17 часот попладне (освен ако лицето нема добиено соодветна дозвола од ЈП „Македонски шуми" или Шумската полиција). Ова ограничување не важи за вработените во ЈП „Македонски шуми", а во периодот од 17 часот попладне до 7 часот наутро дозволено е движење на сите лица во шумите и шумскиот појас.

По исклучок, ова ограничување не важи за организирана тура на туристи за туристичко разгледување на шумите во шумскиот појас и националните паркови во Република Македонија, која ќе биде во придружба на претставник од ЈП „Македонски шуми" или националните паркови.

2. Министерството за внатрешни работи, Граничната полиција и Шумската полиција ќe вршат 24 часовно патролирање и легитимирање во шумските предели во периодот од 22.07.2015 година до 5.08.2015 година, од 7 до 17 часот.

3. Укажано им е на единиците на локалната самоуправа при евентуалните пожари на нивна територија да ја стават на располагање целата расположлива персонална и материјална поддршка на ЈП „Македонски шуми" и на другите институции.

4. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе ја информира јавноста за забраната за палење на стрништата и друг земјоделски отпад, како превентивна мерка за заштита од појава на шумски пожари.

5. Задолжени се Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и ЈП „Македонски шуми" редовно да ги координираат активностите во насока на преземање на соодветни активности за спречување на појава на пожари на територијата на Република Македонија.

         

Скопје,

24.07.2015г.

Назад

Барање

Отчетност

Барање

Барање

Барање

МЖСПП

  • mkdsumi

Екологија

mkdsumi

повеќе

Монографија 1998-2018

  • mkdsumi

Монографија 1998-2008

  • mkdsumi

Списание

МКФФИС

  • mkdsumi

Контакт