Конференција за печат во ЈП Македонски шуми
На 03.06.2010. година, во просториите на дирекцијата на ЈП Македонски шуми , се одржа Конференција за печат на тема Продажба на огревно дрво во ЈП "Македонски шуми".
На пресот од страна на јавното претпријатие на новинарски прашања одговараа:
- г-дин Александар Флоровски -советник на директорот за Односи со јавност
- шум.инж. Љупчо Ивановски - помошник на директорот Сектор за комерцијално работење
- м-р Горан Стојковски - помошник на директорот Сектор за користење на шуми.
Од страна на медиумите имаше особено голем интерес за темата, а беа присутни екипи од скоро сите електронски и пишани медиуми, така што темата за продажбата и цените на огревно дрво беше комплетно опфатена.
Идејата за конференцијата беше да се разбијат одредени дезинформации кај медиумите и јавноста за висината на цената на огревното дрво, во складовите на ЈП. Имено, во прессот беше нагласено дека цената на огревно дрво ф-ко склад е:
- бука 2372,00 денари за 1 мпр, со вклучен ДДВ.
- даб 2453,00 денари за 1 мпр, со вклучен ДДВ.
и дека сите други цени со кои се манипулира се нереални и не се во склад со политиката на ЈП. Беше нагласено дека ценовникот за производи на ЈП го донесува УО, а го одобрува Владата на РМ.
Новинарите се интересираа и за други актуелни теми од шумарството како што се бесправните сечи, достапноста во загрозените подрачја со последните случувања во пограничната територија, третирањето на боровиот четник во зафатените подрачја.
Од страна на претставниците на јавното претпријатие, на сите прашања беше одговорено коректно и во рамките на професионалното и афирмативно претставување во јавноста на работата на ЈП Македонски шуми, што всушност беше и цел на оваа конференција за печат.