Остави зелена трага
По повод 22.март, Светскиот ден на шумите, учениците од СУГС „Кочо Рацин“ во соработка со ЈП „Македонски шуми“ и Здружението за младински активизам „Обединета младина“ го одбележаа овој ден под мотото „Остави зелена трага“
![](admin/documents/20150321_112135.jpg)
По повод 22.март, Светскиот ден на шумите, учениците од СУГС „Кочо Рацин“ во соработка со ЈП „Македонски шуми“ и Здружението за младински активизам „Обединета младина“ го одбележаа овој ден под мотото „Остави зелена трага“ и засадија повеќе од 50 садници во училишниот двор, каде главна цел пред се беше да се поткрене свеста кај младите за значењето и вредноста на шумскиот покривач.
Oвој ден, за прв пат беше одбележан 2011 година од страна на Генералното собрание на ООН и за таа цел ширум светот беа спроведени едукативни акции за заштитата на шумите, производство на садници, пошумување на голини и рекреација во шума, а оваа година за прв пат беше одбележан и во нашата земја.
Во дворот на СУГС „Кочо Рацин“ –Скопје учиниците засадија 50-тина садници на аризонски чемпрес, јасен, каталпа, калреутерија, албиција и други видови, прозвадени во расадниците на ЈП Македонски шуми.
Придружете се кон глобалната акција за пошумување и борба против климатските промени - Оставете „зелена трага“ во природата !