Информации

Отворена линија

02 155 22

24 ЧАСА НА ДЕН

Пријавете !!!

Mито, корупција, кражби на дрво и други злоупотреби во шума.

Галерија

Контакт

Централа: 02 2 581 080

Директор: 02 2 581 083

Факс: 02 2 581 824

komunikacii@mkdsumi.com.mk

Актуелности

Проект „ Програма за зачувување на природата во Македонија“

На 10.12.2014 година во просториите на ЈП Македонски шуми се потпиша Меморандум за соработка меќу НЦП од Швајцарија и ЈП Македонски шуми. Договорот го потпишаа ѓ-ѓа Зора Урех од Helvetas Swiss Intercooperation,  тим лидер на “Програмата за зачувување на природата во Македонија“ и во име на генералниот директор на ЈП Македонски шуми, Жарко Караџоски, г-дин Коста Парлапанов, помошник директор на Секторот за информатички и комуникациски технологии, инвестиции и развој

Со Програмата за зачувување на природата во Македонија се врши промоција на иницијативите за одржливо земјоделство во и околу заштитените подрачја и развој на пилот-фарми коишто ги применуваат принципите на одржливо земјоделство.

Програмата за зачувување на природата во Македонија, поддржана од страна на  Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), е наменета за поддршка на активности за зачувување на природата и локалниот развој на Брегалничкиот регион. Програмата поддржува исто така и интервенции на национално ниво кои се очекува да имаат влијание врз зачувувањето на биодиверзитетот и природата воопшто. Програмата ќе ѝ помогне на Република Македонија во остварувањето на барањата на NATURA 2000, еден од условите за пристап во ЕУ. Во Програмата активно учество имаат и Подружниците на ЈП “Македонски шуми“ од Источниот регион. 

Со Програмата за зачувување на природата во Македонија се врши промоција на иницијативите за одржливо земјоделство во и околу заштитените подрачја и развој на пилот-фарми коишто ги применуваат принципите на одржливо земјоделство.

Во разговори со координаторите на програмата, констатирано е дека ЈП„Македонски шуми“ има одлични услови за поставување на пилот-проект за производство на ориз во фармата во Карбинци, во ПШС “Серта“  Штип.  Беше направена и посета на фармата и производните површини, и направен предлог за идниот проект. Проектот ќе постави производство на ориз на 4 ха површини, наводнувани од сопствен бунар, и со контролирана употреба на ѓубрива и заштитни средства. Во имплеметацијата ќе бидат ангажирани меѓународни експерти од областа, факултети, и домашни експерти. Во проектот се предвидени и други активности со кои се планира поактивно учество на Подружниците на ЈП “Македонски шуми“ во проектите финансирани од Швајцарската Влада и Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC).

Педлогот е одобрен од највисоко ниво, и за таа цел на се потпишува Меморандумот за соработка со ѓ-ѓа Зора Урех од Helvetas Swiss Intercooperation,  тим лидер на “Програмата за зачувување на природата во Македонија“

Меморандум за соработка (МоУ)

Цел 

1.      Да се дефинира област на соработка во рамките на Програмата

2.      Да се постави солидна база за соработка на други проекти

Област на соработка

3.      НПЦ И ЈППШ да посветат посебно внимание на целите на Програмата

4.      Да ги развиваат следните заеднички активност, доколку се во нивен интерес, на база на еднаквост и реципроцитет :

- спроведување на заеднички проекти во рамките на НПЦ,

- градење на капацитети на вработените на ЈПМШ,

- организирање теренски посети,

- размена на информации и материјали,

- трансфер на научни и технички знаења и разновидни практики,

- организирање состаноци и работилници,

- промоција на други активности за соработка како е договорено

Договори за финансирање

5.      Активностите во рамки на НПЦ програмот ќе бидат подржани од СДЦ проектот. Тие се дефинирани во Годишниот план на операции како е подготвено од Helvetas Swiss Intercooperation (ХСИ) и Фармахем.

6.      Финансиските поединостиза детални активност ќе биде поставено со специфичен пишан договор помеѓу НЦП и ЈПМШ.

Времетраење

7.      МоУ ќе биде ефективен за период на реализација на НЦП во Македонија, од датумот на неговото потпишување. Тој може да биде модифициран или продолжен со заедничка пишана согласност од Страните. Овој МоУ може да биде поништен од било која страна по предходна најава од  најмалку 6 месеци.

Завршни одредби

8.    Овој МоУ е подготвен во 2 копии за секоја страна и ќе стане полноважен по потпишувањето од преставниците на двете страни. Копија од овој МоУ ќе биде доставен до канцеларијата на SDC програмата во Скопје (Швајцарска Амбасада).

 

9.      Страните на овој Меморандум за соработка овде ја потврдуваат нивната согласност со неговите услови со следниве потписи.

Назад

Барање

Отчетност

Барање

Барање

Барање

МЖСПП

  • mkdsumi

Екологија

mkdsumi

повеќе

Монографија 1998-2018

  • mkdsumi

Монографија 1998-2008

  • mkdsumi

Списание

МКФФИС

  • mkdsumi

Контакт