ПРИДРУЖИ СЕ НА ПОШУМУВАЊЕТО
Почитувани граѓани на Република Македонија,
ЈП „Македонски шуми“ ве повикува да се придружите во есенското пошумување кое започна да се одвива насекаде низ државата. Секоја од 30-те Подружници на нашето Јавно Претпријатие го реализира пошумувањето на шумското земјиште, голините и ерозивните предели според однапред зацртаните годишни планови, кои имаат задача да пошумат преку 1.170 хектари површина со над 5 милиона садници од сопствено производство. Пошумувањето ќе трае се додека се погодни времеските услови во месеците Ноември и Декември.
Доколку имате желба да се приклучите кон оваа масовна акција на пошумување, било како поединец или група, или членови на граѓанска организација, јавете се во нашите Подружници за контакт со одговорното лице за пошумувањето, од кое ќе добиете детални информации за избраните локации, термините и динамиката на пошумување, избор на садници и сите други стручни совети.
Придружете се кон глобалната акција за пошумување и борба против климатските промени - Оставете „зелена трага“ во природата !
Телефоните од Подружниците на ЈП„Македонски шуми“ и сите други потребни информации може да ги најдете на нашата WEB страна : www.mkdsumi.com.mk, или да не контактирате на komunikacii@mkdsumi.com.mk во секое време.
Назад