Информации

Пребарување

Loading

Отворена линија

02 155 22

24 ЧАСА НА ДЕН

Пријавете !!!

Mито, корупција, кражби на дрво и други злоупотреби во шума.

Галерија

Контакт

Централа: 02 2 581 080

Директор: 02 2 581 083

Факс: 02 2 581 824

komunikacii@mkdsumi.com.mk

Актуелности

Во ЈП „Македонски шуми“, денес (04.08.2014) е одржана Конференција за печат на тема„Намалување на цената на буково огревно дрво“.

     Конференцијата за печат, во отсуство на генералниот директор Жарко Караџоски,  ја одржа помошник директорот на Секторот за комерцијални работи, м-р Тони Јованов.

Во ЈП „Македонски шуми“, денес (04.08.2014) е одржана Конференција за печат на темаНамалување на цената на буково огревно дрво.

     Конференцијата за печат, во отсуство на генералниот директор Жарко Караџоски,  ја одржа помошник директорот на Секторот за комерцијални работи, м-р Тони Јованов.

     “Преку 30% од населението во РМ се грее со огревно дрво, а околу 70% од вкупниот етат е огревно дрво од бука. Со цел да им излезе во пресрет на сите граѓани во Република Македонија, особено на ранливите категории на граѓани, ЈП „Македонски шуми“ одлучи да ги намали цените на буковото огревно дрво. ЈП „Македонски шуми“ располага со доволно количини на дрвна маса во складовите во Скопје и државата, за претстојната грејна сезона. Сите заинтересирани граѓани кои сакаат да купат буково огревно дрво од стовариштата на ЈП „Македонски шуми“, веќе од денес може да го сторат тоа, по нова, намалена цена за 10 % за сите физички лица и 15 % за граѓаните корисници на социјална помош. Се надеваме дека ова ќе претставува голема помош за граѓаните кои го користат дрвото како енергенс и дека ќе им помогне во намалување на трошоците во овој период.

      Сите заинтересирани граѓани кои сакаат да купат буково огревно дрво од стовариштата на ЈП „Македонски шуми“,од 01.08.2014година, до 30.09.2014 година може да го сторат тоа, по нова, намалена цена за 10 % за сите физички лица и 15 % за граѓаните корисници на социјална помош. Ние располагаме со 48 складови на огревно дрво на целата територија на државата и залиха од 36 000м3, што значи дека има доволни количини на дрва и сите кои авансно ќе ја направат уплатата, ќе добијат дрва по оваа цена. Би апелирал до сите купувачи на огревно дрво, да побараат потврда за легално посечено дрво (треба да е жигосано), зашто на пазарот има и бесправно посечено дрво кое може да биде предмет на одземање. Уплатите можат да се извршат на сите пунктови во складовите, во дирекцијата на ЈП Македонски шуми и во сите подружници. 

     Одлуката за намалување на цената ја донесе Управниот Одбор на ЈП „Македонски шуми“, имајќи го предвид периодот кога граѓаните се снабдуваат со огревно дрво за претстојната грејна сезона.

1.    По намалени цени ќе можат да купат буково огревно дрво физички лица кои ќе извршат целосна уплата на потребната количина, и тоа во износ од 10% од цената утврдена со главниот ценовник за главни шумски производи.

2.    На купувачи-физички лица-припадници на категоријата социјални случаи, кои ќе извршат целосна уплата на потребната количина буково огревно дрво, им се одобрува рабат во висина од 15% од износот на утврдената цена за количина до 5м3. Припадноста на оваа категорија купувачите треба да ја докажат со исправа издадена од надлежен орган. Тоа значи дека новата цена на буковото огревно дрво со попуст од 10% е 2133,60 денари за метар просторен, а цената за лица корисници на социјална помош со 15% попуст е 2015,03 денари.

     На новинарско прашање за присуство на нелегално посечено дрво, пом. директорот одговори дека: “ЈП „Македонски шуми“,, е во постојана комуникација и соработка со сите субјекти за заштита во државата. Погранична и редовна полиција е во постојана соработка со Шумската полиција која врши проверка на сите возила товарени со дрва во државата, се проверуваат испратниците за превоз и се гледа дали дрвото е жигосано. Во последно време има тенденција на намалување на присуство на нелегално дрво, и ние апелираме до сите граѓани кои ќе забележат вакви активности, да пријават до Шумската полиција или првата полициска станица, зашто, само со зголемување на свесноста на граѓаните за дрвото како еколошка категорија која има важна улога во глобалното затоплување пред се, може да се намали оваа немила појава. Со грижата за шумите се води грижа за животната средина и се заштитува буџетот на граѓаните, кои се сигурни дека купуваат легално посечено дрво. На прашање дали на време ќе бидат испорачани дрвата, беше позитивно одговорено, односно  дека на складовите има доволни количини на буково огревно дрво и тие ќе бидат на време испорачани.

     Актуелноста на темата Намалување на цената на буково огревно дрво на Конференцијата за печат предизвика голем интерес на новинарските екипи кои го проследија овој настан.

Назад

Барање

Барање

Екологија

mkdsumi

повеќе

Монографија

  • mkdsumi

Списание

СИЗП

  • mkdsumi

МКФФИС

  • mkdsumi

Контакт