Информации

Отворена линија

02 155 22

24 ЧАСА НА ДЕН

Пријавете !!!

Mито, корупција, кражби на дрво и други злоупотреби во шума.

Галерија

Контакт

Централа: 02 2 581 080

Директор: 02 2 581 083

Факс: 02 2 581 824

komunikacii@mkdsumi.com.mk

Актуелности

ЈП „Македонски шуми“ ја намалува цената на буковото огревно дрво

Сите заинтересирани граѓани кои сакаат да купат буково огревно дрво од стовариштата на ЈП „Македонски шуми“, веќе од денес може да го сторат тоа, по нова, намалена цена за 10 % за сите физички лица и 15 % за граѓаните корисници на социјална помош.

     Со цел да им излезе во пресрет на сите граѓани во Република Македонија, особено на ранливите категории на граѓани, ЈП „Македонски шуми“ одлучи да ги намали цените на буковото огревно дрво. ЈП „Македонски шуми“ располага со доволно количини на дрвна маса во складовите во Скопје и државата, за претстојната грејна сезона. Сите заинтересирани граѓани кои сакаат да купат буково огревно дрво од стовариштата на ЈП „Македонски шуми“, веќе од денес може да го сторат тоа, по нова, намалена цена за 10 % за сите физички лица и 15 % за граѓаните корисници на социјална помош. Се надеваме дека ова ќе претставува голема помош за граѓаните кои го користат дрвото како енергенс и дека ќе им помогне во намалување на трошоците во овој период.

Одлуката за намалување на цената ја донесе Управниот Одбор на ЈП „Македонски шуми“, имајќи го предвид периодот кога граѓаните се снабдуваат со огревно дрво за претстојната грејна сезона.

1.    По намалени цени ќе можат да купат буково огревно дрво физички лица кои ќе извршат целосна уплата на потребната количина, и тоа во износ од 10% од цената утврдена со главниот ценовник за главни шумски производи.

2.    На купувачи-физички лица-припадници на категоријата социјални случаи, кои ќе извршат целосна уплата на потребната количина буково огревно дрво, им се одобрува рабат во висина од 15% од износот на утврдената цена за количина до 5м3. Припадноста на оваа категорија купувачите треба да ја докажат со исправа издадена од надлежен орган. Тоа значи дека новата цена на буковото огревно дрво со попуст од 10% е 2133,60 денари за метар просторен, а цената за лица корисници на социјална помош со 15% попуст е 2015,03 денари.

Оваа одлука почнува да важи сметано од 01.08.2014. до 30.09.2014година.

     Во Македонија дрво за огрев користат две третини од граѓаните и ние според тој податок секоја година произведуваме доволни количини огревно дрво за да се задоволат потребите на оваа категорија на граѓани. Така ќе биде и оваа година. Напоменуваме дека овие цени важат за купување во складовите на ЈП „Македонски шуми“.

Назад

Барање

Отчетност

Барање

Барање

Барање

МЖСПП

  • mkdsumi

Екологија

mkdsumi

повеќе

Монографија 1998-2018

  • mkdsumi

Монографија 1998-2008

  • mkdsumi

Списание

МКФФИС

  • mkdsumi

Контакт