Информации

Отворена линија

02 155 22

24 ЧАСА НА ДЕН

Пријавете !!!

Mито, корупција, кражби на дрво и други злоупотреби во шума.

Галерија

Контакт

Централа: 02 2 581 080

Директор: 02 2 581 083

Факс: 02 2 581 824

komunikacii@mkdsumi.com.mk

Актуелности

Караџоски: Можноста за регионална соработка и желба за развој гарантираат успех

Јавните претпријатија за шумарство и Министерствата за земјоделство (шумарски сектори)од земјите во Југоисточна Европа, денес на иницијатива на ЈП „Македонски шуми“ седнаа на заедничка маса за да ја договорат понатамошната регионална соработка.

Целта на првиот координативен состанок, кој се одржа во Маврово, е учесниците на јавните претпријатија од регионот да ги разгледаат можностите за соработкаа во секторот шумарство, како и да скицираат нацрт Оперативен план за евентуални регионални активности и акции кои може да се превземат во земјите од ЈИЕ, а кои не се дел од Европската Унија.

Прилагодувањето кон Европските барања налагаат имплементација на одржливи системи за унапредување во шумарството со посебен акцент на заштитата на биодеверзитетот и грижа кон природата и животната средина во целост.

 

Директорот на ЈП „Македонски шуми“, Жарко Караџоски истакна дека свесни за овие процеси кои бараат голема промена во структурата на  начинот на организирање на постојните стопански активности, претпријатието ја согледува неопходноста од регионално поврзување, размена на податоци и искуства, заеднички настапи во креирање на идните политики во шумарството.

-Меѓународната активност и поддршка преку бројни проекти покажа дека трансферот на знаење и размена на податоци во шумарството, значајно придонесува за унапредување на секторот. Затоа и претставува еден од приоритетите во нашето работење. Можноста за креирање на регионални проекти за шумарство, регионална заштита од природни катастрофи, спречување на нелегална трговија со дрва, пошумување на гранични појаси, заштита на биодеверзитетот и многу други активности со заедничко учество на стопанството и науката, размената на практичните искуства на стопанските субјекти и заедничка желба за развој гарантираат успех во иднина, нагласи Караџоски.

Тој додаде дека заедникиот настап пред меѓународните институции во иднина ќе придонесе во голема мера шумарството да го добие своето право место и улога во националните развојни стратегии и планови.

Катерина Спасовска од SWG Секретаријатот нагласи дека како регионална организација која функционира за вмрежување и координација во секторот на земјоделство и рурален развој се трудат да им помогнат на земји во процесот на европската интеграција.

 

Извор:Kurir.mk

 

Назад

Барање

Отчетност

Барање

Барање

Барање

МЖСПП

  • mkdsumi

Екологија

mkdsumi

повеќе

Монографија 1998-2018

  • mkdsumi

Монографија 1998-2008

  • mkdsumi

Списание

МКФФИС

  • mkdsumi

Контакт