Информации

Отворена линија

02 155 22

24 ЧАСА НА ДЕН

Пријавете !!!

Mито, корупција, кражби на дрво и други злоупотреби во шума.

Галерија

Контакт

Централа: 02 2 581 080

Директор: 02 2 581 083

Факс: 02 2 581 824

komunikacii@mkdsumi.com.mk

Актуелности

Потпишан Меморандум за соработка

Потпишан Меморандум за соработка меѓу:

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Р. Македонија

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Р. Македонија, претставувано од директорот, д-р Кристијан Џамбазовски, и

ЈП Македонски шуми, претставувано од директорот Жарко Караџоски.

Во присуство на советникот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Р. Македонија, советникот Владо Србиновски, Панче Николов  советник за шумарство на ген. директор на ЈПМШ, Жарко Караџоски  и пом. директорот на Секторот за комуникации и меѓународна соработка од областа на шумарството Коста Парлапанов, на 25.02.2014. во канцеларијата на директорот на ЈП Македонски шуми.

На состанокот беа истакнати одличните предуслови за вакавата соработка на задоволство на двете страни, имајќи ги предвид природните убавини на шумите во Р.Македонија неисцрпните можности за рекреација од секаков вид, запознавање со ретки и ендемични растенија кои виреат во нив, одличните услови за престој , во секое годишно доба, нивната пристапност, како одличен материјал за пласман на туристичкиот пазар, како една исклучително интересна дестинација.

Жарко Караџоски, генерален директор на ЈП Македонски шуми, како еден од потписниците на овој Меморандум, ја нагласи потребата Меморандумот да се реализира со конкретни договори. Притоа подвлече, дека ова е на некој начин исчекор од вобичаените активности на ЈПМШ, а се однесува на поддршката на планинскиот туризам и туризмот во шумарството, а кое досега било на едно основно ниво. Ако се осврнеме и погледаме како оваа гранка се развива во рамките на регионот, а особено во европските земји каде имаме фрапантни податоци за успешен развој на оваа гранка. Во Австрија, на пример, или Норвешка, каде шумите се претежно во приватна сопственост, цифрите од 15-20 милиони добивка од оваа гранка се навистина фрапантни, а планинскиот туризам тука учествува со 80%. Сето ова е направено со сите можни потенцијали кои се потребни за вака развиен планински туризам, а тука е пред се инфраструктурата, објетите за сместување, патеките за пешачење, планинарење и други рекреативни активности.

Кај нас сеуште во зародиш се т. н. Заштитни подрачја, чиј развој не се поттикнувал од разни причини, почнувајќи од тоа дека ќе се изгубат сечиштата, бесправно ќе се сече или ќе се прават други злоупотреби. Јас сум особено задоволен што овој меморандум ќе се потпише токму со Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Р. Македонија, која ја сметам за најкомпетентна за вклучување во промоцијата на туристичката понуда која ја прави за Р. Македонија. Со овој заеднички настап и ЈП Македонски шуми ќе го добие својот бенефит на туристичко ниво, а од тоа, се разбира, очекуваме и финасиска добивка, како и промоција на нашите еколошки заложби и пласман на убавините на шумите и природата.

Во тоа име, го потпишувам овој Меморандум за сорабока, со желба дека на вистински афирмативен начин ќе се спроведува, во рамките на туристичките промоции на Агенцијата за туризам.

Д-р Кристијан Џамбазовски, директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Р. Македонија, рече:

-Ова е еден одличен старт каде се совпаѓаме и со нашите програми во расвојот на активниот туризам, и ќе го вметнеме во проектите кои ги имаме започнато, и воедно одлично би се надополнувале, бидејќи она што не можеме ние да го обезбедиме, можете вие. Едно такво надополнување со кое би се надградувала оваа соработка, а особено кога би се преточила во конкретни договори, а таков простор има, ние ќе имаме еден многу конкурентен туристички продукт на ниво третирање на планинскиот туризам со сите свои активни форми и со сите свои алтернативи. Се надеваме дека во иднина ќе ги зајакнеме и капацитетите на споменетите нивоа, со еден нов и конкуремтен на пазарот производ, или понуда. Нека ни е со среќа нашата идна и плодна соработка. 

Назад

Барање

Отчетност

Барање

Барање

Барање

МЖСПП

  • mkdsumi

Екологија

mkdsumi

повеќе

Монографија 1998-2018

  • mkdsumi

Монографија 1998-2008

  • mkdsumi

Списание

МКФФИС

  • mkdsumi

Контакт