Претставници од ИП и Амбасадата на САД во Македонија, во посета на ЈП Македонски шуми
На 25. 02. 2014 во канцеларијата на генералниот директор на ЈП Македонски шуми се одржа средба помеѓу претставници од ИП и Амбасадата на САД во Македонија
На 25. 02. 2014 во канцеларијата на генералниот директор на ЈП Македонски шуми се одржа средба помеѓу претставници од ИП и Амбасадата на САД во Македонија, претставувана од Розита Мреношки, советник за економски прашања, Шила Слемп од УСДА Меѓународната програмата за шумарство за Русија и Евроазија и Дејл Босворт од Американската шумарска служба. На средбата, чиј домаќин беше генералниот директор на ЈП Македонски шуми, Жарко Караџоски, се разменија мислења и искуства од областа на заштитата на шумите од шумски пожари, превентивното делување за нивно спречување и понатамошна можна заедничка соработка на сите нивоа од оваа област.
Назад