Информации

Пребарување

Loading

Отворена линија

02 155 22

24 ЧАСА НА ДЕН

Пријавете !!!

Mито, корупција, кражби на дрво и други злоупотреби во шума.

Галерија

Контакт

Централа: 02 2 581 080

Директор: 02 2 581 083

Факс: 02 2 581 824

komunikacii@mkdsumi.com.mk

Актуелности

Набавка на нови теренски возила

Во периодот, од крајот на 2013, до почетокот на 2014/14год. набавени 33 теренски возила

Триесет возила (Дачиа-Дастер) се распоредени во сите 30 подружници, а додека три возила (Шкода-Јети) се наменети за потребите на Дирекцијата.

Во периодот, од крајот на 2013, до почетокот на 2014/14год. набавени 33 теренски возила.

Триесет возила (Дачиа-Дастер) се распоредени во сите 30 подружници, а додека три возила (Шкода-Јети) се наменети за потребите на Дирекцијата.

Во цената на возилата вклучено е и нивното одржување за период од 3 години, а нивното плаќање ќе биде одложено односно на 36 рати.

-    Пред да се распише јавен повик за Набавка на овие возила, беше направена Процена од страна на Бирото за судски вештачења со која беше утврдена состојбата и вредноста на старите возила кои ги користеа подружниците. Исто така анализите за трошоците за одржување и потрошувачката на гориво на старите возила покажаа дека понатамошната употреба на овие возила, од една страна само ги зголемува трошоците, а од друга страна го отежнува функционирањето на претпријатието и ја намалува безбедноста на вработените;

-    Возилата кои се набавени се од класата Н1-товарно корисно возило, за кои се одбива ДДВ при набавка на истите, при одржување и набавка на резервни делови, набавка на гуми, како и за потрошеното гориво;

 Ефекти:

-    Подобрени се условите за функционирање на претпријатието;

-    Подобрена ефикасност во заштита на шумите, превентивно справување со пожари, како и за брзи интервенции при борба со пожарите;

-    Намалени се трошоците за гориво (старите возила кои се употребуваа до сега имаа просечна потрошувачка од 12-15л/100км.-некои од нив беа со бензински мотор, додека новите се со дизел мотор и се одликуваат со просечна потрошувачка од 6л/100км (по каталог).

За илустрација изразена во денари (направена е калкулација со просечна потрошувачка од 8л/100км), на база на поминати 15.000км./год., која изнесува:

-       За старите возила годишно за гориво се трошеше 8.000.000денари;

-       За новите возила за истите поминати километри, годишно за гориво ќе се потрошат 3,400,000денари.

-    Намалени се трошоците за одржување-работна рака и резервни делови:

-       за новите возила за првите 3 години трошоците по овој основ ќе изнесуваат 2.412.906ден., или годишно по 800.000ден., што е далеку помалку од трошоците за истата ставка за старите возила за 2013год. која изнесува 3.500.000ден.;

 

Годишната заштеда по основ на потрошувачка на гориво и одржување изнесува 7.300.000ден., додека годишниот (12 рати) износ за отплата на новите возила изнесува 9.200.000ден. што е показател за оправданоста за набавка на истите.

 

-    Намалена можност за дефекти, како и помала потрошувачка за пневматици;

-    се одбива ДДВ, при набавка на истите, одржување и набавка на гуми и резервни делови, како и за потрошеното гориво;

Вредност на набавката 29.916.191,00ден. од кои

Набавка на возила     27.703.285,00ден.

Одржување за 3год.     2.212.906,00ден.

Галерија

Назад

Барање

Барање

Екологија

mkdsumi

повеќе

Монографија

  • mkdsumi

Списание

СИЗП

  • mkdsumi

МКФФИС

  • mkdsumi

Контакт