Информации

Отворена линија

02 155 22

24 ЧАСА НА ДЕН

Пријавете !!!

Mито, корупција, кражби на дрво и други злоупотреби во шума.

Галерија

Контакт

Централа: 02 2 581 080

Директор: 02 2 581 083

Факс: 02 2 581 824

komunikacii@mkdsumi.com.mk

Актуелности

Ј А В Е Н П О В И К бр.02/2026

Врз основа на член 17 и член 17-а став (1)  од Законот за јавните претпријатија („Службен весник на Република Македонија“ бр.38/96, 6/02, 40/03, 49/06, 22/07, 83/09, 97/10, 6/12, 119/13, 41/14, 138/14, 25/15, 61/15, 39/16, 64/18, 35/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.275/19, 89/22, 274/22,  208/24 и 193/25) и Правилникот за формата и содржината на јавниот повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на член на управен и надзорен одбор на јавно претпријатие, начинот на поднесување на пријавата, обрасците за пријавување и начинот на бодување и селекција на кандидатите („Службен весник на Република Северна Македонија“бр.213/24), Владата на Република Северна Македонија објавува:

 

Ј А В Е Н    П О В И К   бр.02/2026

за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на 1 (еден) член на Управниот одбор на ЈП за стопанисување со државни шуми Национални шуми П.О.Скопје

 

  1. Владата на Република Северна Македонија на предлог на генералниот секретар на Владата, на веб страницата на Владата на Република Северна Македонија https://vlada.mk и на веб страницата на ЈП за стопанисување со државни шуми Национални шуми П.О.Скопје  www.mkdsumi.com.mk, објавува Јавен повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на 1 (еден)  член на Управниот одбор во ЈП за стопанисување со државни шуми Национални шуми П.О.Скопје, со седиште на Булевар „Св.Климент Охридски“ бр.68 Центар, 1000 Скопје.
  2. За член на Управниот одбор на јавно претпријатие основано од Владата, може да биде именувано лице кое ги исполнува следните услови:
  1. Да е државјанин на Република Северна Македонија,
  2. Да има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование,
  3. Во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност и
  4. Да има најмалку пет години работно искуство.

 

  1. Со пријавата заинтересираните кандидати задолжително треба да ја достават следната документација:
  1. Образец за пријавување,
  2. Кратка биографија,
  3. Мотивационо писмо,
  4. Уверение за државјанство на Република Северна Македонија,
  5. Уверение или диплома за завршено високо образование со стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование, соодветно за позицијата за која аплицира, 
  6. Доказ дека во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност,
  7. Доказ дека има најмалку пет години работно искуство (Преглед на регистрирани податоци во матична евиденција од Фонд на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија) и
  8. Сертификати, лиценци, уверенија, дипломи издадени од овластени, односно акредитирани институции за нивно издавање согласно закон за бараната позиција.

 

  1. Документите од точка 3 треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до архивата на Владата на Република Северна Македонија или по пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија бул.„Илинден“ бр.2, 1000 Скопје со назнака:  „За Јавен повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на 1 (еден) член на Управниот одбор на ЈП за стопанисување со државни шуми Национални шуми П.О.Скопје“.
  2. Членот на управниот одбор на јавното претпријатие го именува, односно разрешува основачот на јавното претпријатие - Владата на Република Северна Македонија, со мандат до истекот на мандатот на постојниот состав, со право на уште еден последователен мандат.
  3. Член на управен одбор на јавното претпријатие не може да има лично, преку трето лице или по било која основа, интереси во претпријатие или трговско друштво кое е во деловни односи со јавното претпријатие, кои можат да имаат било какво влијание на неговата независност и непристрасност во одлучувањето во јавното претпријатие. Секој член на управен одбор, е должен да го предупреди основачот на постоењето на ваков интерес кај еден или повеќе членови на надзорниот одбор.
  4. Неспојливи се функцијата претседател и член на управен на јавното претпријатие со функциите претседател и членови на Владата на Република Северна Македонија.
  5. Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е 5 (пет) дена, сметано од денот на објавување на јавниот повик.
  6. Повикот ќе биде објавен на веб страницата на Владата на Република Северна Македонија и на веб страниците на јавните претпријатија.
  7. Краен датум за пријавување е 20.1.2026 година.
  8. Непополнета пријава како и некомплетната документација и документацијата доставена по истек на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.

 

Образец за пријавување

Назад

Барање

Отчетност

Барање

Барање

Барање

МЖСПП

  • mkdsumi

Екологија

mkdsumi

повеќе

Монографија 1998-2018

  • mkdsumi

Монографија 1998-2008

  • mkdsumi

Списание

МКФФИС

  • mkdsumi

Контакт