Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Јавното претпријатие "Национални шуми" и средното училиште "Ѓорче Петров" од Кавадарци

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Јавното претпријатие "Национални шуми" и средното училиште "Ѓорче Петров" од Кавадарци
Јавното претпријатие "Национални шуми" веќе петта година е партнер во дуалното образование на средните стручни училишта, а посебно место помеѓу средните училишта секако зазема соработката со СОЗШУ „Ѓорче Петров“ од Кавадарци, каде меѓу останатите струки, учениците се образуваат за шумарски техничари, кои имаат особено значење за нас како идни наши колеги и идни студенти на Шумарскиот факултет во Скопје.
Двете страни, претставувани од директорот на ЈП Национални шуми Проф.д-р Здравко Трајанов и директорката на училиштето Ратка Росомански, потпишаа Меморандум за соработка за учебната 2025/2026 година.
ЈП Национални шуми како општествено одговорна компанија е веќе верификуван партнер во формирањето на дуалните паралелки, што претставува повисок општествен интерес на сите страни вклучени во образовниот процес и на македонското стопанство.
Состојбите мора да се менуваат, Шумарскиот инжинер и Шумарскиот техничар мора да бидат на високо значајно место во шумарството.
