ЗАЕДНО ЗА ЗАШТИТА НА ШУМИТЕ!

На 20. 05. 2025 година се во просториите на компанијата ОКТА се одржа состанок кој го означи почетокот на соработката за превенција од пожари на отворено.
Јавното претпријатие Национални шуми, во рамките на соработката доби дрон со напредна технологија за рано откривање пожари, донација од ОКТА, кој ќе им помогне на теренските тимови побрзо и поефикасно да реагираат.
По тој повод, директорот на ЈП Национални шуми проф. др. Здравко Трајанов, изјави дека „Соработката со ОКТА претставува важен чекор напред во нашите напори за заштита на шумите и природата од пожари. Новата опрема значително ќе ни помогне во раното откривање на пожари и ќе ја зголеми ефикасноста на нашите теренски тимови. Превенцијата е суштинска – затоа активно се вклучуваме и во едукативната кампања за подигнување на јавната свест“.
