Информации

Отворена линија

02 155 22

24 ЧАСА НА ДЕН

Пријавете !!!

Mито, корупција, кражби на дрво и други злоупотреби во шума.

Галерија

Контакт

Централа: 02 2 581 080

Директор: 02 2 581 083

Факс: 02 2 581 824

komunikacii@mkdsumi.com.mk

Актуелности

ЈП Национални шуми започнува голема акција за пошумување

На денешен ден 06.11.2023 од Куманово ќе започне голема акција за пошумување на 34 различни локации во државата, во 19 различни реони. Пошумувањето ќе биде и на нови површини, а ќе се пошумуваат и опожарени површини од големите пожари кои во 2021 ја зафатија Малешевијата.
Заедно со голем број општествено-одговорни компании и граѓански организации ќе бидат засадени 1.200.000 садници, од најразлични видови, за кои согласност даде Шумарскиот факултет и стручните лица во ЈП Национални шуми.
Оваа есен и наредната пролет ќе бидат посадени дрвни видови јасен, бел бор, јавор, багрем, даб, чемпрес, костен на повеќе од 400 хектари површина низ цела Македонија.
Целокупниот посадочен материјал го обезбедува Јавното претпријатие Национални шуми од расадниците во Свети Николе и Куманово, кои се осовременети и произведуваат садници од контејнерски тип, кои се многу поотпорни на климатските промени од обичните садници.
Акцијата е поддржана од Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство, Министерството за животна средина, како и бројни компании и граѓански организации.
На прес конференција на која беше најавена акциијата учествуваа Министерот за земјоделие Љупчо Николовски, министерката Каја Шукова, деканот на Шумарски факултет Кирил Сотировски, Директорот на ЈП Национални шуми Валентин Груевски, претставник на ДМ и Сојузот на извидници.
Назад

Барање

Отчетност

Барање

Барање

Барање

МЖСПП

  • mkdsumi

Екологија

mkdsumi

повеќе

Монографија 1998-2018

  • mkdsumi

Монографија 1998-2008

  • mkdsumi

Списание

МКФФИС

  • mkdsumi

Контакт