Информации

Отворена линија

02 155 22

24 ЧАСА НА ДЕН

Пријавете !!!

Mито, корупција, кражби на дрво и други злоупотреби во шума.

Галерија

Контакт

Централа: 02 2 581 080

Директор: 02 2 581 083

Факс: 02 2 581 824

komunikacii@mkdsumi.com.mk

Актуелности

Одржан втор Регионален семинар во рамките на “Проектот за градење на капацитети за екосистемски-базирано намалување на ризици од катастрофи (Eco-DRR)”

На ден 01. 11. 2023 година во хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје, се одржа втор Регионален семинар во рамките на “Проектот за градење на капацитети за екосистемски-базирано намалување на ризици од катастрофи (Eco-DRR)”, поддржан од Агенцијата за меѓународна соработка на Јапонија – JICA.
На семинарот освен учесниците од Македонија присуствуваа Н.Е. Оцука Казуја, амбасадор на Јапонија во Република Северна Македонија, г-дин Хидео Нода, заменик директор, и други високи претставници од главната дирекција на ЈИЦА од Токио, г-дин Тору Инада, главен советник на Еко-ДРР проектот, како и учесници од Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора.
Преку овој проект во Република Северна Македонија беа применети теоретски и практични мерки од концептот на екосистемски-базирано намалување на ризици од катастрофи (Eco-DRR), со крајна цел да се намали интензитетот и фреквентноста на природни непогоди, како што се поројните поплави, лизгање на земјиштето и ерозија на почвата, кои со децении наназад предизвикуваат големи физички штети, социо-економски последици и доведуваат до тешка деградација на природната средина.
На семинарот директорот на ЈП Национални шуми Валентин Груевски му врачи плакета и благодарница на г-дин Хидео Нода, заменик директор на главната дирекција на JICA од Токио за долгогодишната плодна соработка.
Назад

Барање

Отчетност

Барање

Барање

Барање

МЖСПП

  • mkdsumi

Екологија

mkdsumi

повеќе

Монографија 1998-2018

  • mkdsumi

Монографија 1998-2008

  • mkdsumi

Списание

МКФФИС

  • mkdsumi

Контакт